Четирите најчести митови поврзани со млекото во кои многумина веруваат

17 август, 20200
Annotation 2020-08-17 144720

Поимите „интолеранција на лактоза“ и „алергија на млеко“ не се иста состојба, а разбирањето на разликата може да ви помогне да одлучите дали елиминирањето или намалувањето на млечните производи има смисла.

МИТ 1: Млекото е лошо за се

– Во многу диети се советува исфрлање на млечните производи како тајна за добро здравје, но таквите производи играат важна улога за вашето тело. Млекото содржи калциум, витамин А, протеини, калиум и други хранливи материи што се потребни за одржување на здравјето – вели американскиот лекар Др. Мајкл Ројзен од Клиниката Кливленд.

– Има луѓе кои не јадат месо од етички причини, па затоа избегнуваат и млечни производи заради начинот на одгледување и слично. Но, кога станува збор за тврдења за послаб квалитет на исхраната и потенцијално воспаление, едноставно нема многу истражување на оваа тема за поддршка на ваквите изјави – додаде диететичарката Кели Џонс.

Вели дека во некои случаи луѓето може да забележат дека дишат подобро или имаат поздрава кожа откако избегнуваат млечни производи, но во тој случај може да се работи за блага алергија на ваквите производи.

МИТ 2: Алергија на млеко и нетолеранција се исти

Термините „нетолеранција на лактоза“ и „алергија на млеко“ не се иста состојба, а разбирањето на разликата може да ви помогне да одлучите дали елиминирањето или намалувањето на млечните производи има смисла за вас лично или не.

– Алергијата и нетолеранцијата се драстично различни термини. Алергиите се реакции на хиперсензитивност на имунолошкиот систем, додека нетолеранциите се непријатна реакција на храна или компонента на одредена храна, поради неможноста на телото ефикасно да ја вари и апсорбира – објасни Кели Џонс, додавајќи дека нетолеранцијата кон млечните производи е многу почеста од алергиите.

Вели дека како што луѓето стареат, многумина ја губат можноста да ја варат лактозата. Оваа состојба, наречена нетолеранција на лактоза, влијае на околу 65% од возрасните и може да предизвика непријатни симптоми како што се гасови, дијареја и надуеност.

Алергијата на млечни производи е многу посериозна и многу ретка појава. Кога некој е алергичен на млеко, тие всушност имаат имунолошка реакција на протеините казеин или сурутка.

– Може да создаде непријатни симптоми како што се осип и чешање, или дури може да ескалира до нешто сериозно и опасно по живот, како што е анафилакса – забележува диететичарката.

– Нетолеранцијата на лактоза е многу почеста, но не секогаш значи целосно отстранување на млеко и млечни производи од исхраната. Многу луѓе кои се нетолерантни лактоза, сепак можат да толерираат мали количини на млечни производи. Исто така, важно е да се напомене дека постојат неколку видови млечни производи кои потекнуваат од кравите, но содржат многу мали количини лактоза, како што е кефир – додаде Др. Мајкл Ројзен.

МИТ 3: Калциумот е единствената корисна компонента на млечните производи

Многу луѓе најмногу го ценат млекото заради калциумот, минерал неопходен за здрави коски, мускули, нерви и многу повеќе. Но, има многу придобивки за консумирање млеко и млечни производи.

– Постојат протеини, Б витамини, а често млекото е збогатено со витамин Д. Сировото млеко и сировото сирење исто така можат да обезбедат природни пробиотици – вели Др. Ројзен.

– Сакам да ги едуцирам моите клиенти за фактот дека млечните производи можат да ја зголемат количината на протеини во оброците, а особено е добро да ги земате после вежбање заради специфичните аминокиселини кои можат да помогнат во обновувањето на мускулите – додаде тој.

МИТ 4: Млечни производи се наоѓаат само во храната

Ако од која било причина сте решиле да ги елиминирате млекото и млечните производи од вашата диета, важно е да знаете некои работи, што може да ве изненадат.

– Ако сте алергични на млечни производи или не сакате да ги консумирате од етички причини, не заборавајте да ги проверите етикетите на сите пакувани јадења и пијалоци – вели Џонс.

– Исто така, имајте на ум дека храната не е единственото место каде што ќе најдете млечни производи. Всушност, многу лекови или додатоци во исхраната содржат и млечни производи – забележува Др. Ројзен.

– Во многу случаи, лактозата делува како неактивен пополнувач на лекови. Но, тоа е толку мала количина што повеќето пациенти, кои не толерираат лактоза, можат да ја консумираат без симптоми. Сепак, важно е да разговарате со вашиот лекар и да откриете кои дози и лекови се соодветни за вас – додаде Кели Џонс.

– Покрај тоа, ако вашата алергија може да доведе до анафилакса, треба да имате во предвид дека млекото може да се најде и во производите за нега на тело – рече, како што е објавено од mindbodygreen.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *