Чоколадизам: знаете ли зошто сте немоќни пред чоколадото?

3 мај, 2020
чоколадо

Можеме слободно да кажеме дека сме опседнати со чоколадо, некои се дури и зависни од него. Ако чоколадото е и ваша дрога, не сте едиснтвени. Но што е тоа што го прави чоколадото посебно?

Вашиот мозок мисли дека е дрога

Се чини дека супстанцата енкефалин е одговорна за претворање на овие слатки нешта во задоволство на кое едноставно не можете да му одолеете.

Енкефалинот ги активира истите рецептори во мозокот како и опијатите како морфиум. Еднаш кога ќе почнете да јадете чоколадо мозокот ви вели да јадете уште и уште и уште.

Зошто е чоколадото поинакво од останатите слатки?

Одговорот на ова прашање не е едноставен. Не само што јадењето чоколадо создава хемиска реакција во мозокот, туку создава и впечаток кој трае долго потоа, многу подолго отколку останатите слатки. Но тоа не е се! Чоколадото содржи теобромин, горчлив стимуланс кој има слична улога како и кофеинот. Па така, при јадење чоколадо се подобрува вашето расположение, концентрација и чувство на возбуда.

Чоколадото е добро за вас!

Фактот дека чоколадото има исто влијание како дрога врз вашиот мозок, не значи дека треба потполно да го исфрлите од својата исхрана. За разлика од дрогата, чоколадото има многу повеќе позитивни ефекти врз вашето здравје. Научниците сметаат дека чоколадото го намалува ризилкот од срцеви заболувања, го намалува крвниот притисок, го намалува стресот…

Колку чоколадо смеете да јадете?

Како и за сè, консумирањето чоколадо е добро за вас додека не стане лошо. Една работа е да имате повремена желба за чоколадо, но неконтролираното консумирање на чоколадо е нешто сосема друго. Ако јадете толку многу чоколадо што потоа се чувствувате физички лошо, или чувствувате симптоми на апстиненцијална криза кога не јадете чоколадо, тогаш треба да намалите со неговата консумација. Но, сè додека сте умерени чокохоличари, ќе бидете ок.