Д-р Фаучи: Овие TРИ работи се клучни за оптимално функционирање на имунолошкиот систем

22 септември, 2020
Anthony-Fauci

Д-р Ентони Фаучи, главниот американски епидемиолог, наведе три работи што можат да му помогнат на имунитетниот систем да работи оптимално, што е особено важно за време на епидемијата на коронавирус.

За некои луѓе, добро е да земаат витамин Д.

„Понекогаш луѓето кои не се изложени на сонце имаат недостаток на витамин Д“, рече Фаучи, додавајќи дека тоа е случај и со него и дека затоа започнал да пие додатоци во исхраната кои го содржат овој витамин.

Покрај намалувањето на воспалението во телото, витаминот Д исто така му помага на телото да апсорбира калциум, одржувајќи ги коските здрави и силни, што го прави добар за луѓето од сите возрасти. Но, тоа не значи дека сите треба да брзаме со мултивитамини, особено затоа што некои здравствени експерти велат дека тие се бескорисни апчиња. Самиот Фаучи наведува дека голем број мултивитамини и билки всушност не го зајакнуваат имунитетот, но имаат плацебо ефект.

Витамин Ц, како витамин Д, е уште една моќна хранлива материја. Му помага на нашето тело да апсорбира железо.

И од клиниката Мајо и од здравството на Харвард се наведува дека се доволни околу 100 мг витамин Ц на ден, а тоа може да го добиете по две чаши варен кељ или неколку грста сурови зелени пиперки, пишува Бизнис Инсајдер.

„Ако сакате вашиот имунолошки систем да работи оптимално, направете ги овие работи“, вели Фаучи.

Квалитетен сон

За повеќето од нас, тоа е околу седум до осум часа во текот на ноќта.

Добра исхрана

Ова вклучува овошје и зеленчук богати со витамини.Во вашата исхрана можете да додадете и риба, маслиново масло и житарки.

Избегнувајте стрес

Некои од најлесните начини да се справите со стресот се вежбање, медитација, длабоко дишење, релаксирачка бања, масажа, слушање музика и дружење со најблиските.

„Тоа е многу поздрав начин на живот отколку да земате разни додатоци“, наведува Фаучи.

Но, Фаучи забележува дека за време на пандемија на коронавирус, особено е важно да се обрне внимание на добрата хигиена, носење маска и физичко растојание.

escort - Korsan taksi