Дали ботоксот може да стане корисен за ублажување на некои здравствени проблеми

17 август, 20200
Annotation 2020-08-17 124640

Врз основа на повеќе од 45.000 клинички извештаи за употреба на ботокс, се чини дека, покрај козметичката употреба, ботоксот би можел да биде корисен и во третманот на мигрена, прекумерно потење, болка во вратот …

Зборот ботокс многу асоцира на Џенифер Кулиџ во Приказната за Пепелашка, која вели: ‘Тоа е ботокс! Не можам да покажам емоции уште час и половина ’. Но, ботоксот може да направи многу повеќе од тоа да не може да ги „прочитате“ емоциите на вашето лице, тој всушност може да влијае на тоа како се чувствувате, покажало истражувањето, чии резултати биле објавени во списанието Scientific Reports.

Науката веќе 15 години се бави со прашањето како ботокс – лек направен од токсини произведени од бактеријата Clostridium botulinum – може да влијае на нашето расположение, дури и со „лекување“ на депресијата. Досега, лекарите откриле дека давањето на ботокс на челото може да го намали ризикот од депресија. Но, наодите од една нова студија покажуваат дека ефектот на ботоксот во борбата против депресијата е многу покомплексен.

Истражувачите анализирале повеќе од 45.000 клинички извештаи за несакани ефекти како резултат на употреба на ботокс, не само за козметичка употреба, туку и за да помогнат во лекување на проблеми како што се мигрена, прекумерно потење, болка во вратот, прекумерно трепкање, грчеви во екстремитетите и така натаму. и при нарушувања на мочниот меур.

Reuters/Pixsell

Истражувачите ги поделија пациентите во осум одделни групи врз основа на медицинската состојба за која го примиле лекот. Пациентите во секоја од овие осум категории беа поделени во подгрупи: за секој пациент кој примаше ботокс, имаше еден што не прими. Истражувачите тогаш откриле дека кај пациенти кои примале инјекции за лекување на брчки на лицето, прекумерно потење, мигрена, грчеви и спастичност, депресијата се случила помеѓу 40 и 88 проценти поретко отколку кај луѓето кои биле подложени на други лекови наместо ботокс за истиот роблем.

– Откривме дека ефектот не зависи од местото на инјектирање и не зависи од медицинските состојби. Последиците од овие резултати се фасцинантни бидејќи тие укажуваат дека депресијата може да се излечи со разни средства, не мора со инекција во мускулите на лицето – вели д-р. Рубен Абагијан, главен автор на студијата и професор на Универзитетот во Сан Диего.

Идните студии треба да истражуваат неколку идеи за тоа како ботоксот може да работи против депресија. Една теорија е дека ботоксот влијае на централниот нервен систем и на начинот на кој ги регулира нашите емоции. Трагите од ботокс можат да го нападнат нашиот крвоток, а потоа да стигнат до мозокот, вели Абагијан, додавајќи дека тоа може да има врска со мускулната напнатост.

Имаше ограничувања во студијата, вклучително и фактот дека резултатите се засновани на доброволно пријавување на несакани ефекти. Истражувачите исто така имаа ограничени податоци за демографијата, како и други лекови и додатоци што ги земале пациентите, но пациентите кои земале антидепресиви биле исклучени од студијата, така што резултатите не би биле насочени кон тоа.

P. Glebov

Исто така, се поставува прашањето дали некои хронични состојби решени од ботокс, предизвикале секундарни ефекти врз расположението. На пример, ако ботоксот го прекине прекумерно потење, тоа би можело да ја подобри емоционалната состојба на пациентите.

– Со студијата, сакавме да утврдиме дали третманот може да го реши медицинскиот проблем на пациентот, но и да влијае на неговата психолошка благосостојба, рече д-р. Џејсон Рајченберг, дерматолог од Медицинската група Асцесија, е професор по интерна медицина на Универзитетот во Тексас.

Иако треба да се спроведат понатамошни истражувања, се чини дека ботоксот може да биде алтернатива за оние кои успешно не ги излечиле своите проблеми со вообичаените методи, како што се антидепресиви или други терапии. Ако истражувањето открие дека нема сериозни несакани ефекти, ботоксот во иднина би можел да стане лек што ќе го споделат психијатрите, пишува порталот Refinery29.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi