Дали често ви венее собното цвеќе? Еве како да ги препознаете симптомите и навреме да ги спречите разните болести

15 јуни, 2020
hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_2

Најразлични габички претставуваат причина за болест на коренот, стеблото или листовите кај билките, коишто се одгледуваат во затворен простор.

Најважно од сè е навреме да се препознаат симптомите, а потоа со соодветна нега да се уништат паразитите.

Симптомите можат да бидат најразлични, во зависност од фазата во која е заразата, местото на инфекција, како и надворешните услови. 

Причинителите на овенатите билки доведуваат до запушување и пропаѓање на спроводните садови на стеблото, најчесто во коренот. Заразените билки нагло овенуваат и потоа се сушат. Темната зона, по којашто можете да ја забележите болеста кај вашето растение, најчесто се јавува на долните и горните делови од стеблото, но некогаш може да прејде и на листовите. Ситните темно зелени дамки најчесто се појавуваат на листовите, кои со текот на времето растат и се сушат.

Спречување на штетата

За да го решите овој проблем со вашите растенија, потребно е да направите дезинфекција на земјата со водена пареа, со сува стерилизација или по хемиски пат. Потребно е да се направи дренажа на земјиштето и редовно да се проветрува просторот во којшто се чуваат растенијата.