Дали ботоксот e отров? Еве ја вистината за најпопуларниот измазнувач на брчки!

11 јули, 20200
ботокс

Инјекциите со ботокс станаа секојдневие за многу жени и мажи, иако за некои сè уште е табу тема. Кај вториве е присутен стравот дека ботоксот е штетен за нашето здравје.

Ботоксот е природен прочистен протеин произведен со помош на бактеријата Clostidium botulinum , во естетската медицина и козметологија познат како ботулински токсин. Така што, ботоксот е еден вид на отров.

Ботокс (Botox) или Диспорт (Dysport) се единствените два вида на ботокс кои ги одобрила Американската асоцијација за храна и лекови (FDA) и тој во мали количини веќе две децении се користи во медицината како лек за опуштање на мускули, кај пациенти со болни грчеви во мускулите, кај хиперхидроза, но убедливо најширока примена има во затегнувањето на кожата на лицето.

Доколку се решите да се подложите на третман со ботокс потребно е да го направите тоа кај сертифициран и искусен дерматолог, во специјалистичка ординација.

Потоа, треба да бидете запознаени со неговите несакани дејства или контраиндикации.

Најчести несакани дејства кои се јавуваат речиси кај сите кои применуваат третман со ботокс се болка на местото на убодот, главоболка, мали модринки, оток и крварење. Овие несакани појави спаѓаат во безопасни и нормални и обично поминуваат за неколку часа или неколку дена.

Од друга страна, постојат несакани ефекти кои не се така безопасни, а тоа се симптоми слични на грип, респираторни инфекции, алергиски реакции, умирање на третираното ткиво и тн…

Доколку приметите вакви симптоми задолжително е да се јавите на лекар или кај лекарот кој ви го правел третманот.

Доколку цената на третманот е ниска, тоа значи дека веројатно се работи за фалсификуван ботокс и не треба ни под разно да прифатите третман бидејќи последиците можат да бидат катастрофални.

Затоа пред да ја донесете конечната одлука добро размислете, а доколку се одлучите за овој третман потрудете се да ги испочитувате сите дадени совети за да бидете сигурни и безбедни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *