Дали е паметно да ги избегнуваме информациите кои можат да ни наштетат?

18 јуни, 20200
la-la-la-i-cant-hear-you-hands-covering-ears-800x500

Денес, за да ги добиете потребните информации, доволно е само да прејдете со прстот преку екранот на телефонот. Со генетски тестови, можеме да се подготвиме за разни ситуации што можат да ни се случат во животот, да го следиме нашето здравје со помош на нараквици и паметни часовници и со само еден брис, да дознаеме сè за нашите предци.

Герд Гигеренџер од Институтот за човечки развој Макс Планк Берлин и Росио Гарсија-Ретамеро од Универзитетот во Гранада, откако спроведоа студија на повеќе од 2.000 лица, откриле дека 90 проценти од испитаниците, доколку е можно, не сакаат да знаат кога и како може нивниот партнер да умре. 87 проценти од нив не би сакале ниту да го знаат датумот на сопствената смрт. На прашањето дали сакаат да знаат дали и кога ќе се разведат, одговориле повеќе од 86 проценти од испитаниците, исто така, негативно.

Студијата покажа дека луѓето избегнуваат информации за нивната здравствена состојба дури и ако тоа може да им помогне да ја идентификуваат терапијата и да ги ублажат симптомите и заболувањата. Според една студија, само 7 проценти од испитаниците кои биле изложени на ризик од Хантингтоновата болест, решиле да се тестираат за да видат дали ја имаат оваа болест или не. Другите испитаници ја отфрлиле оваа можност, и покрај фактот дека тестот е бесплатен. Колку се потешки симптомите на болеста, толку е посилно избегнувањето.

Избегнувањето на информации може да биде проблем, секако, ако не спречи да научиме работи што ќе ни помогнат да донесеме попаметни одлуки, најмногу од медицински или финансиски аспект. Одбивањето да ги научиме достапните информации ни овозможува да се откажеме од страдањето што информациите за иднината може да го предизвикаат, па дури и да нè лиши од уживање во чувството на слатко очекување на настаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi