Дали го имате синдромот „ЗИМСКА ВА*ИНА“? Препознајте ги симптомите и спречете да се разболите „таму долу“

12 декември, 2020
gace-vagina

Дали сте чуле за „зимската вагина“? И дали знаете кои се симптомите? Всушност, тоа е многу нормална состојба што им се случува на жените во студено време…

Според Мари Бурк, поранешна бабица во Меѓународната здравствена организација и медицинска сестра на Клиниката за пластична хирургија и естетска хирургија во Лондон, многу повеќе жени страдаат од сувост на вагината во текот на зимските месеци.

„Сувиот есенски и зимски воздух ја исцрпува влагата од нашите тела, правејќи ја нашата кожа дехидрирана и распукана. Ова прво може да се види на нашите синуси кои ни се сушат“, рече таа.

Слично нешто се случува и со остатокот од телото, а кај жените е забележан феномен за кој припадничките на понежниот пол многу ретко зборуваат. Нивните вагини влегуваат во таканаречената „сува состојба“ во зима.

„Тоа е прашање за кое ретко кога жената сака отворено да зборува, но нашите вагини можат да преминат во „сува состојба“ во текот на зимата“, вели Буркова.

“Кога поминуваме многу време во климатизирани простории или со вклучено греење, остануваме во простории каде што има многу малку влага во воздухот. И сувоста што ја забележуваме на очигледни делови како кожа, нос, итн., често може да се прошири на секој сантиметар од нашето тело вклучувајќи ги и нашите најинтимни региони“, вели и им препорачува на жените да користат лубриканти и препарати за нега на интимниот регион во овој период, така што кожата и мукозните мембрани на гениталиите се хидрирани, а сексуалниот однос без непријатност и болка“.