Дали имате проблеми во ЉУБОВТА?! Можеби имате некои ЛОШИ карактеристики: Со ВАКВИ ЖЕНИ мажите не сакаат врска!

5 октомври, 2020
profimedia-0528536202_1

Размислете.

Не успевате да задржите маж и да направите сериозна врска? Проблемот е можеби во вас.

Списанието „Cosmopolitan“ наведува три типа жени со кои ниту еден маж не може да издржи долго во врска од причини што на сите им се јасни, освен нив. Бидете сигурни дека сте меѓу нив.

Разгалени принцези

Таквите жени сметаат дека светот се врти само околу нив и дека сите треба да им бидат на располагање, вклучително и нивниот партнер, кого го третираат како свој слуга. Се разбира, тие нема да направат ништо за другите затоа што мислат само на себе. Тие знаат да бидат љубезни и драги кога сè е по нивно, но ако нешто не им се допаѓа, тие ќе направат скандал во истиот момент.

Драма кралици

Со вакви жени не е можно да се опуштите, бидејќи тие се како темпирани бомби што се способни да експлодираат за најмали детали, без разлика каде се наоѓаат. На никој не му е пријатно да биде во нивно друштво, а камоли во љубовна врска.

Искомплексирани

Можеби најтешко е да се биде во врска со жена на која мажот мора да ѝ потврдува секој ден дека е убава и згодна затоа што самата не е свесна за тоа. Жените кои се искомплексирани со изгледот во врската обично и многу се љубоморни на пријателите или колегите на нивниот партнер, особено на оние кои изгледаат подобро од нив.