Дали лажната насмевка ни помага во расположението

28 мај, 20200
61890182-osmijeh-raspolozenje

Често слушаме совети кои ни велат дека и во најтешките ситуации треба да гледаме на позитивната страна и да се насмееме. Но дали тоа навистина ќе ни помогне и може ли на некој начин среќата да се програмира.

Со ова прашање се имаат занимавано многу научници и психолози и приметиле дека тој трик навистина може да доведе до подобрување на расположението и да се замени тагата со радост.

Кога ги активираме мускулите на лицето кои се растегнуваат за да се формира насмевка во мозокот веднаш се активираат неутротрансмитери кои се задолжени за чувството на среќа, а оваа теорија се темели на фактот дека симулацијата на емоција може да предизвика емоција.

Андру Њуберг, познат неуропсихијатар, заклучил дека насмевката е симбол со која се поврзуваат најголемиот број на емоции. Тоа го поврзал и со жителите на Нова Гвинеа Папуа кои на никој начин не се во допир со западната култура, а сепак знаат што претставува насмевката и колку е таа важна за нашето расположение.

Истражувања покажале дека фетусот додека е во мајчината утроба истотака се смее, а новородените бебиња продолжуваат да се смешкаат. Во самото растење децата се насмевнуваат барем 100 пати на ден додека кај возрасните тоа е сведено на 20 до најмногу 40 пати на ден, односно фацијалната експресија не значи дека е ресултата на вистинска среќа.

Токму таа наша способност да „лажираме“ насмевка ни дава до знаеење кога некој навистина искрено се смее, а кога не. Кога не би ја имале таа способност тешкко дека ќе најдеме начин да се поврзуваме со оваа емоција.

Научниците истражувале како може да го препознаеме лажна од искрена насмевка, а откриле дека одговорот на ова прашање се крие во мускулите на лицето. Доколку насмевката е искрена се активираат сосема други мускули за разлика од лажната насмевка. Тогаш се активираат екстраокуларните мускули околу очните шуплини, а баш тоа е причината поради која погледот ни бега од оците на лицето кое се смее во однос на тоа дали е искрена насмевка или не.

Нашиот мозок ја споредува геометријата на лицето на различни личности врз основа на претходните искуства и социјалната интеракција во текот на годините и така заклучува дали се работи за вистинка или не насмевка. Во моментот кога некој искрено се смее неутралните сигнали патуваат до кортексот на мозокот и ги активираат мускулите на лицето. Кога тоа ќе се случи сигналите се враќаат во мозокот и му даваат порака дека личноста е среќна, а тоа креира круг на среќа.

Токму поради тоа и вештачката насмевка може да му помогне на нашето расположение. Таа влијае на нивото на кортизол, допамин, адреналин и ендорфинот кои заедно биохемиски допринесуваат на нашето расположение. Таа хемиска мешавина дава повратна информација се чувството на среќа што повторно прави круг на создавање на веќе споменатите хормони.

Дури и кога мислиме дека пред нас или зад нас е најлошиот ден и дека ништо не ни иде според планот, можеби баш таа мала насмевка ше ни ја врати верата во подобро утре било да сме се нассмевнале на некоја друга личност или сами на себе вво огледало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi