Дали лепенките против брчки се најдобриот начин да ја затегнете кожата на вашето лице?

30 мај, 2020
nalet

Лепенките против брчки, според мислењето на многу жени, е најлесниот начин да се спречи создавањето на истите.

Можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но навистина е така. Овие лепенки се направени од посебен вид медицински силикон и се ставаат на деловите од кожата коишто се склони кон создавање брчки, најчесто на лицето и вратот. Ефектот од лепенките се забележува и по првите два часа, но резултати на долгорочен план, најлесно, ќе добиете доколку ги носите во текот на ноќта.

Како делува лепенката против брчки?

Овие лепенки не само што ги измазнуваат веќе постоечките брчки, туку спречуваат да дојде до појава на нови. Тие ја притискаат кожата, недозволувајќи и да се превиткува и да создава брчки за време на спиењето.

Дополнителен “плус” кај овие лепенки е тоа што  можат да се користат повеќе пати. Со правилно чистење и сушење на лепенките, истите можете да ги користите до 12 пати.

Цената им е достапна, лесни се за употреба, па не е ни чудо што различни студии за проучување им даваат предност  токму на нив, особено во однос на останатите начини за затегнување, како што се инекциите, ласерот или филерите.