Дали некогаш нешто ќе се случи? Поради што се јавува ДОСАДА и кај какви ЛИЧНОСТИ е таа најчеста?

22 јуни, 20200
Annotation 2020-06-22 165108

Оваа непријатна ментална состојба за некои е честа појава

На сите ни е понекогаш досадно, но што е всушност досадата и кај какви типови на луѓе се појавува често?

Здодевноста се дефинира како непријатна ментална и емоционална состојба во која поединецот се чувствува голем недостаток на интерес и има потешкотии да се сконцентрира на она што моментално го прави.

Ова се неколку главни причини за досадата:

1. Ментална монотонија

Здодевноста е слична со менталниот замор и е предизвикана од повторувањето и незаинтересираност за деталите на нашите задачи (како што се задачи кои бараат постојано внимание или било каков вид чекање). Секако искуството кое е предвидливо и кое се повторува станува досадно. Премногу исти работи и премалку стимулации кај личноста можат да предизвикаат отсуство на било каква желба и волја.

2. Потреба за новитети

На некои луѓе им е веројатно подосадно отколку на други. Луѓето со силна потреба за новитети, возбуда и разновидност имаат повисок ризик за досада. Овие трагачи по сензација веројатно ќе откријат дека светот се движи преспоро. Потребата од надворешна стимулација може да објасни зашто екстровертите се посебно склони кон досада. Трагањето по новитети и преземање на ризикот е начин на кој тие луѓе се обидуваат да ја излечат здодевноста.

3. Внимание

Докажано е дека здодевноста е поврзана со проблемите со внимание. Она што ни здосадува никогаш не го привлекло нашето внимание во потполност. Меѓу другото, тешко е да се биде заинтересиран за нешто кога не можеме да се сконцентрираме на тоа. Лицата со хронични проблеми на вниманието, како хиперактивност со недостаток на внимание, имаат голема тенденција кон досадата.

4. Емоционална свест

Некои луѓе не се во состојба да артикулираат што сакаат, а што не, па така имаат проблем да ги опишат своите чувства. Неспособноста да се знае што некого ќе направи среќен може да доведе до подлабока егзистенцијална здодевност. Незнаењето за она што го бараме значи дека ни недостасува способност да бираме одговарачки цели за интеракција со светот.

dosada

5. Непостоење на автономија

Луѓето чувствуваат досада кога се чувствуваат заробено. А чувството на заробеност е голем дел од здодевноста. Односно, тие се заглавени или ограничени така да нивната волја не може да се изврши. На пример, адолесценцијата е класичен пример на период за здодевност, воглавно затоа што децата и тинејџерите немаат контрола над она што сакаат да го прават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi