Дали некогаш сте се фатиле себеси да ги држите своите гради?

24 мај, 20200
гради

Тоа беше минатиот четврток вечерта. Лежев во кревет гледајќи ја 12-та епизода од „ Schitt’s Creeka “, кога почувствував рака, позната рака, милувајќи ги левата дојка. Да, тоа беше мојата рака, рака на мене, lубител на допирање на моите гради. Го ставив тоа наInsta Story (ги сакам социјалните мрежи, живеам за социјалните мрежи) и Интернетот ми даде повеќе или помалку ист одговор – „И јас“. Една жена напиша дека е супер удобно лежејќи во позиција каде ги допира градите и како се чувствува како верверица со шепи на градите. Aww.

Друга ми рече дека сака да ги држи затоа што тие се топли,погодни за змечење и удобни. Ми стана кристално јасно дека очигледно сум на пат кон нешто, па решив да направам истражување меѓу сите следбеници на Космо на Твитер и само уште еднаш ми се потврди како жените навистина уживаат во допирањето на своите градиДозволете ми да ви дадам некои технички детали (да, ја истражував оваа тема): Кога раката ќе допре до градите, доаѓа стимулација на нервите кои делуваат како активирачи на хипофизата што резултира во ослободување на окситоцин, широко познат љубовен хормон, кој најчесто го поврзуваме со гушкање и други интимности “, откри д-р Меган Јаблонски.

Во малку повеќе мерливи параметри, да речеме дека допирањето на градите ви носи исто задоволство како голема чаша вино и уште куче во скут. Сепак, се чинеше малку невообичаено што имаме желба и потреба да се допреме, но експертот за говорот на телото, Бланка Коб, не се согласува.

Прво и најважно, градите се лесно достапни за нашите раце, а кога сме целосно опуштени, нашите прсти се благо свиткани. Со други зборови, опуштената рака е совршено гнездо за градите. Покрај тоа, градите се место каде имаме чувство дека целиот стрес се акумулира, а допирањето на овие делови од телото ни помага да се опуштиме и да се справиме со целиот тој акумулиран стрес. Заклучокот на целата приказна? Држењето на градите е прекрасна суперсила која го олеснува стресот и благодарение на што се чувствуваме подобро. Дали ве мачи нешто? Слободно можете да ги стиснете вашите гради. Никој нема да ви суди за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi