11 јули, 2020

Дали воопшто постои нешто такво како претерана мастурбација? Како да знаеме дека сме ја поминале границата? И дали воопшто постои граница?

Според стручњаците честата (или пречестата) мастурбација нема да предизвика физичка штета, но може негативно да се одрази на вашиот однос со партнерот. При тоа не се мисли на тоа дека ќе му смета тоа што мастурбирате. Веројатно ќе имате различни очекувања од парнерот, поради начинот на кој доаѓате до оргазам кога користите вибратор.

Мастурбацијата ни носи бројни здраствени предности

Да почнеме прво од добрите вести. Според зборовите на сексуалните педагози, мастурбацијата е добра за вашето здравје. Таа претставува најдобар начин да се изборите со стресот и анксиозноста. За време на оргазмот вашето тело ослободува хемикалии како окситоцин и еднорфин, кои ви помагаат да се опуштите па дури и полесно да заспиете.

Мастурбацијата може да ја зголеми вашата самодоверба во спалната соба. Кога сексот е во прашање, тешко може да се знае што треба да барате или очекувате од партнерот ако самите немате експериментирано со своето тело. Мастурбацијата е најлесен начин да дојдете во допир со сопствената сексуалност, како и да откриете какви стимулации сакате, а какви не.

Мастурбацијата може да ве направи безчуствителна личност

Стручњаците тврдат дека пречестата мастурбација може да ве направи безчуствителни на други видови допир. Доколку користите секогаш ист вибратот, секогаш иста поза и на ист начин, тешко ќе ви биде да ја повторите постапката која ве доведува до оргазам со парнерот кој не знае што вие практикувате додека сте сами. Освен тоа колку и да е вашиот љубовник вешт и искусен, никогаш нема да успее да ги имитира вибрациите на вашата верна играчка која ја користите при мастурбација. Но не грижете се. Дури ако сте на границата да станете безчуствителни, едноставно она што е потребно да го направите е да ја оставите вашата играчка на страна и да го гушнете партнерот.

Односот меѓу партнерите

Пречестата мастурбација може да доведе до проблеми во врската, и таа нема да биде на очекуваното ниво особено ако ги занемарите вашите „должности“ и се препуштите само на самозадоволувањето. Истотака тоа може да доведе и до несигурност кај вашиот партнер додека водите љубов, ако не ви поаѓа од рака да доживеете оргазам, особено кога знае дека многу подобро ја завршувате работата сами со помош на вибраторот.

Мажите вибраторот го сметаат како конкуренција. Тие лесно може да се посомневаат во вашата љубов кон нив ако знаат дека повеќе пати во неделата го користите вибраторот.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Дали премногу мастурбирате?
Горе