Дали сакате конечно да се наспиете? Веднаш исфрлете ги овие работи од собата!

5 април, 20200
son

Празни чаши, стари мобилни телефони, дури и вашето сакано милениче се наоѓаат на списокот на работи што може сериозно да го нарушат квалитетот на сонот.

Тимот кој стои зад австралискиот lifestyle блог Bed Thread открива неколку работи што никогаш не треба да ги чувате во вашата спална соба.

Телевизор и технологија

Истражувањата покажаа дека користењето мобилен телефон, лаптоп или телевизор во соба пред спиење може да ја стимулира мозочната активност што ве одржува будни во текот на ноќта.

Сината светлина испуштена од екраните го мами мозокот кој мисли дека е ден и ве остава будни подолго.

Иако е невозможно целосно да се блокира сината светлина, можете да ја ограничите вашата изложеност на истата со намалување на светлината што ја емитува вашиот мобилен телефон, лаптоп или компјутер. Спална соба без техника е клучот за добар ноќен одмор, затоа резервирајте ја дневната соба за користење на Instagram или Netflix.

Храна

Јадењето храна во спалната соба ја нарушува мирната атмосфера потребна за добар и квалитетен одмор. Грацкањето пред спиење може да ви го отежни спиењето, бидејќи телото ќе мора да го вари она што сте го внеле.

Миленичиња

Иако можеби нема да можете да му одолеете на вашето милениче со четири нозе, истражувањата покажуваат дека луѓето покрај нив поминуваат помалку време во длабокиот сон што е неопходен за да се одмори телото. Причината се движењата на миленичето кои може да ве будат.

Чинии, чаши и сл.

Многу луѓе имаат чаша вода во близина на креветот, но на овие работи не им е местото во спалната соба. За мирен сон неопходно е да ја одржувате спалната соба чиста и уредна, неопходно е редовно да се проветрува и да има што е можно помалку предмети во близина на вашиот кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi