Дали спаѓате во овој тип на луѓе? Истражувачите открија какви луѓе полесно ја поднесуваат САМОТИЈАТА

28 јуни, 20200
Annotation 2020-06-28 204005

Истражувањето е спроведено на 340 лица со различна старост

Кризата предизвикана од корона вирусот донесе и многу други проблеми. Поради социјалната дистанца многумина се чувствуваат осамено, што на долги стази може да има големо влијание на менталното здравје.

Поновите истражувања покажуваат дека тие со повеќе емпатија и разбирање се чувствуваат помалку осамено, без оглед на тоа колку друштвени контакти имаат.

Невропсихијарот д-р. Филип Јесте од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, со своите колеги објави резултати од своето истражување во едно научно списание.

Дојдоа до заклучок дека мудроста е поврзана со стапката на осаменост.

Во истражувањето учествувале 340 луѓе со различна старост.

Истражувачите дојдоа до овој важен заклучок по мерење на шест важни аспекти, а тоа се алтруизам, чувство за правда, општо познавање на животот, управување со емоциите, прифаќање на различностите и одлучноста.

“Осаменоста не означува само физичка самотија. Осаменоста е субјективно доживување. Таа е сооднос помеѓу она што го имате и она што го посакувате“, вели д-р. Јесте.  

Објавената студија се повикува на литературата и заклучоците кои сугерираат дека мудроста е сложена човечка особина со специфични компоненти. Некои од нив се способноста за регулација на емоциите, саморефлексијата и просоцијалните однесувања како емпатија, одлучност и толеранција кон другите. Тие компоненти се воведени во истражувањето.

Испитана е поврзаноста на осаменоста со мудроста кај луѓе од 27 до 101 години. Резултатите не беа најдобри. Отприлика 76% од испитаниците чувствуваа умерени до тешки облици на осаменост. Истражувачите открија необична поврзаност помеѓу осаменоста и староста. Тројцата најпогодени се луѓе од три различни старосни групи. Еден испитаник е во доцните 20ти, вториот во средните 50ти и третиот во доцните 80ти.

Истражувачите сметаат дека причината за тоа би можела да биде тоа што доцните 20ти се време за донесување на големи одлуки кои неретко создаваат стрес. Во половината на 50тите многу луѓе сфаќаат дека животот е минлив. Испитаникот кој е во доцните 80ти се чувствува осамено поради смртта на многу пријатели и врсници, а тука се и финансиските потешкотии.

Резултатите покажуваат дека што е човек помудар, толку е помала веројатноста дека ќе почувствува некаков вид осаменост.

Покажано е дека мудрите поединци се во добро друштво, без оглед на тоа дали се опкружени со луѓе или не. Иако мудроста претставува широк поим на социјално однесување, на основа на дефиницијата според која се вршело истражувањето, може да се заклучи дека во овој случај мудроста највеќе се однесува на регулацијата на емоциите и емпатијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi