Дали треба да останете во брак без секс или не: три ситуации во кои треба да кренете раце!

15 јули, 20200
секс

Бракот без секс доведува до несогласувања, кавги, а често и до развод.

Во оваа категорија влегува секој брак во кој сексот се практикува помалку од десет пати годишно, а резултат е недоволно поттикнување на сексуалните желби и интереси меѓу двајца луѓе.

Не постои нормална или здрава количина на секс во некој однос, но важно е и двете страни да бидат задоволни со акцијата во кревет. Но во однос во кој едната страна не е задоволна, треба да се направат чекори кои ќе одведат до подобрување и взаемна среќа, а не веднаш да се покрене бракоразводна парница.

Најпрво треба да се види зошто нема чест секс. Ако едното лице е болно или не е во можност да се впушта во сексуални односи, партнерот треба да го земе тоа предвид и да не започнува кавга.

Овие ситуации и понатаму нудат физичка блискост и интимност, иако таа не е како претходно. Постојат многу начини на кои може да се дојде до возбуда без да се практикува пенетративен секс.

Понатаму, треба да се земе предвид и како односот меѓу брачните партнери влијае на количината на секс. Кога партнерите се мачат со меѓусебна комуникација и разбирање, често како последица се развива помала или никаква желба за секс.

Најпрво треба да се решат тие проблеми, а потоа да се решат сексуалните проблеми. Не постои точна статистика колку бракови се распаднале заради недостаток на секс.

Кога треба да си одите од брак без секс:

1. Кога вашиот партнер не сака да учествува во решаваање на проблемот кој го имате во интимниот однос.

Потребно е заеднички да ги откриете причините и постепено да ги решавате. Пред да донесете одлука за развод потребно е на партнерот да му ги кажете сите грижи кои ве мачат и да се обидете да најдете заедничко решение. Треба тимски да работите за да ви се подобри сексуалниот живот.

2. Кога освен сексуални проблеми имате и многу други проблеми кои не можете да ги решите

Недостатокот на секс во бракот може да биде последица на многу други проблеми со кои се соочуваме. Токму тие проблеми станале причина за крај на вашиот брак.

3. Кога вашите сексуални интереси се толку различни што не можете заедно да уживате во нив, па не наоѓате друг начин да ги истражите тие интереси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi