Дали заради овие негативни особини на вашиот хороскопски знак вашиот парнер ќе избега од вас?

5 јули, 20200
хороскоп

Некои луѓе сметаат дека немаат среќа во љубовта. Еве неколку причини зошто сте уште сами.

Овен

Гласни сте и делувате застрашувачки, па заради тоа луѓето често се чувствуваат непријатно покрај вас. Секоја чест за вашата енергија, но можеби би требало да пробате да бидете посуптилни.

Бик

Дали ќе сакате некого како што ја сакате храната? Изгледа не. Тргнете во потрага по личност која има страст кон храната како и вие, па можеби ќе ја пронајдете сродната душа.

Близнаци

Луѓето едноставно не можат да ве сфатат сериозно. Супер е да сте будалести и засекогаш да го задржите детето во себе, но ако сакате да ја пронајдете љубовта која ќе трае може треба малку да бидете посериозни.

Рак

Многу сте изолирани од другите и околу себе имате изградено голем ѕид. Знаеме дека чувствителните Ракови имаат потреба да се заштитат во секоја ситуација, но обидете се малку да се опуштите и ризикувате.

Лав

Барате некој да ве сака повеќе отколку што се сакате себеси, а тоа е тешко. Да се сакате самите себе е најубавата љубов, но како и во се, и во самозаљубеноста не треба да се претерува.

Девица

Многу сте срамежливи и заради тоа другите често добиваат погрешна слика за вас. Мислат дека сте незаинтересирани. Ослободете се и препуштете му се на флертот.

Вага

Вие флертувате со сите! Ако некогаш успеете да се воздржите од тоа можеби ќе ја најдете сродната душа.

Шкорпија

Од вас луѓето се плашат. Познати сте по вашите агресивни настапи во комуникацијата со другите луѓе, а тоа може некогаш да биде и привлечно, но во повеќето случаи не е.

Стрелец

Вие сте играч и никој не сака да влезе во сериозен однос со вас. Вашата слободарска душа е надалеку позната, но навистина ли сакате да останете сами до кракот на животот?

Јарец

Никогаш не се смеете и често делувате застрашувачки. Олбавете се од тој гард бидејќи никој не сака жена на која не и треба никој.

Водолија

Делувате непристапно, а тоа е зашто сте секогаш во свој свет. Симнете се од облаците зашто можеби реалноста ви нуди реална љубов.

Риби

Не можете да се контролирате и многу се смеете што на луѓето може да им делува иритантно. Додека ви се додворува, мажот во исто време се прашува дали можеби му се смеете? Смеењето е супер, но убаво е некогаш да се воздржувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *