Дали знаете како може да останете будни без кофеин?

6 мај, 2020
kafe

Кофеинот е стимуланс, па затоа не е добра идеја да посегнете по дополнителна шолја кафе доколку се чувствувате уморни за време на попладневните часови или навечер. На крајот на краиштата, во тој случај, веројатно ви е познато и она чувство на вознемиреност што се јавува пред спиење… Без разлика дали сакате да го намалите внесувањето кофеин или целосно да се ослободите од зависностите, постојат бројни начини на кои можете да бидете фокусирани.

Слушајте музика

Слушањето на вашата омилена музика влијае на многу делови на мозокот кои можат да ве мотивираат, да го подобрат расположението и да го зголемат нивото на енергија. Музиката создава чувство на возбуда во вашето тело што го зголемува протокот на кислород во вашето срце и го стимулира производството на ендорфини. Интересно е и откритието дека класичната музика особено помага за концентрација и да се опуштање!

Консумирајте многу вода

На човечкиот организам му е потребна голема количина на вода за да функционира правилно, така што секогаш е добро да имате при рака шише со вода. Во спротивно, дехидрираноста во голема мера ќе го намали нивото на енергија.

Излезете на свеж воздух

Кога се чувствувате уморни ако излезете на свеж воздух и малку сонце може да направи чудо. Искористете ја паузата за ручек за прошетка – сончевите зраци и физичката активност ќе ги активираат центрите на вашиот мозок задолжени за меморија и ментална енергија, што е токму она што ви треба во тој момент!

Дишете длабоко

Длабокото дишење е научно докажано дека помага во намалување на стресот и вознемиреноста (феномени кои во никој случај не ја зголемуваат продуктивноста). Исто така, заради поголема количина кислород што влегува и излегува од вашето тело, може да се чувствувате енергично.

Џвакајте гума за џвакање

Џвакањето гума за џвакање може да биде повеќе од само освежувач на здив – докажано е дека ја зголемува будноста и енергијата и ви помага да останете фокусирани на задачата која е пред вас.

Одалечете се од екранот

Ако погледот ви се залепен на екранот, можете многу да ги заморите очите, што понекогаш може да биде тешко воопшто да ги задржите отворени. Затоа, кога можете, обидете се да погледнете подалеку од екранот и да ги разгледате работите околу вас.