Дали знаете кои мажи даваат најдобри оргазми?

24 јуни, 2020
секс

Истражувањата покажале дека оргазмот кај жените нема никаква врска со нивната анатомија или анатомијата кај мажите, а ниту со нивната сексуална способност во кревет.

Овие карактеристики ги красат мажите кои им даваат најдобри оргазми на жените:

Хумор

Жените сакаат мажи кои можат да ги насмеат. Мажите со вистинска смисла за хумор знаат кога треба да застанат и да се воозбилат.

Креативност

Никој не сака маж кој станува наутро, оди на работа, доаѓа дома, легнува покрај телевизорот и си легнува. Жените не сакаат монотонија. Дали сте забележале дека најголемите љубовници не се и најубави? Жените сакаат креативни мажи, подготвени да експериментираат, дури и во сексот.

Топлина

Жените сакаат љубезни мажи, а топлите мажи спаѓаат во најдобри љубовници. Жените сакаат да се чувствуваат сигурно со мажот со кој спијат, а и мажите сакаат жената да се чувствува спокојно покрај нив. Кога жената се чувствува сигурно, таа може да се опушти и да ужива во сексот.

Верност

Додека многумина мислат дека сексот со една личност до крајот на животот е здодевна работа, женете сепак сакаат да негуваат верност и преданост. Многу жени не доживуваат оргазми во раните сексуални искуства затоа што не развиле поврзаност со партнерот и немаат доверба во него.

Мирис

Мирисите можат да ни дадат разни емоционални сензации, како среќа, тага, возбуда и задоволство, затоа не е воопшто чудно дека мирисот на мажот може да привлече жена.
Ако мирисот ја привлекува жената, тоа е знак дека во уживањето е вклучено уште едно сетило, кое ќе овозможи лесно постигнување на оргазам.