Дали знаете која е идеалната разлика во возраста помеѓу партнерите? Оваа формула го дава одговорот

8 ноември, 2020
Screenshot_1

Ова правило може да ви помогне да пронајдете партнер.

Некои ќе речат дека повеќе им одговара кога партнерот е постар, некои ќе се согласат со таа теорија „помладо послатко“, а за некои годините воопшто не се важни. Што и да кажат луѓето, научниците тврдат едно – идеалната разлика во возраста сè уште постои!

Научниците Брам Бунк и Даглас Кеник откриле дека постои математичка формула за пресметување на „социјално прифатливата“ разлика во возраста помеѓу романтичните партнери. Го земате бројот на вашите години, го делите на две, а потоа додавате 7 години – тоа треба да биде минимумот под кој не треба да одите. Откриената формула важи од 14-та година и за двајцата партнери. Најстариот пар на светот: Таа има 104 години, тој има 110 години, а пред 80 години нивните семејства не ја поддржаа венчавката!

„Правилото помага да ве задржиме во рамките на возраста што ќе обезбеди заеднички интереси со вашиот партнер и веројатно ќе овозможи подобра комуникација“, вели експертот за врски Дејвид Бенет.

Се разбира, експертите се согласуваат дека не треба слепо да се водите според ова правило затоа што некој може да биде помлад/постар, а потоа повторно да изненади со (не)зрелост и однесување. Оставете го ова само да ви помогне да се фокусирате на некој со кого можете да создадете одржлива врска, пренесува Yahoo.

escort - Korsan taksi