ДЕБЕЛИНАТА не е лоша само за физичкиот изглед: Истажувањето покажа дека дебелината е штетна и за ФЕТУСОТ

25 август, 2020
Trudnica-1

Ризикот е дури 2,5 пати поголем ако мајката е дебела во стомакот

Лекарите веќе долго време предупредуваат дека дебелината не е добра за здравјето.

Ако го оставиме настрана физичкиот изглед, бидејќи вкусовите се различни, дебелината може да создаде бројни здравствени компликации.

Меѓу другото, дебелината може да му наштети на фетусот.

Американските научници предупредуваат дека жените кои биле дебели пред бременоста, со поголема веројатност раѓаат деца со мозочен дефект. Истражувачите велат дека ризикот е зголемен и до 2,5 пати ако дополнителниот килограм бил ставен во пределот на стомакот.

Стручното списание „Епидемиологија“ објави дека прекумерната тежина на мајките не е поврзана со поголем ризик за некои форми на срцеви малформации кај деца, пренесува „avaz.ba“.

Овие резултати се засноваат на податоци од 700 жени кои родиле здрави деца и 659 жени чии деца имале дефекти при раѓањето.

Според истражувачите, резултатите се поврзани со ефектот на дебелината врз механизмите за кои е познато дека го поврзуваат дијабетесот тип 2 и поголем ризик од дефекти при раѓање.

escort - Korsan taksi