Дејвид Бекам призна дека има проблем како и голем број на мажи – како се справува со него

7 јули, 20200
GettyImages-1191797122

Прославениот фудбалер, Дејвид Бекам (45), ја покажа својата ретка коса две години откако правеше трансплатација на истата. Косата, која му беше главен имиџ и заштитен знак низ годините, Бекам сега се обидува да ја скрие на сите можни начини, во што не е ни единствен бидејќи истиот проблем го имаат многу мажи, кои се уште ја паметат култната фризура – „Бекамка“.

За време на карантинот, Бекам ја ишиша својата коса и на виделина се појавија резултатите од операцијата која ја направил во 2018. Неодамна за време на шопингот во друштво на својата ќерка Харпет, новинарите забележале дека не му останала уште многу коса и пробале да добијат информации но Бекам на оваа тема не сакал многу да разговара ниту пак за операцијата која ја направил. Тој поради честите промени на својата густа плава коса беше прогласуван за еден од најпосакуваните мажи а со тоа и неговите фризури. Меѓутоа со годините и квалитетот на неговата коса се налалил, дали од процедурата на која се изложил или пак од генитиката или па можеби и од самите години.

Уште пред карантинот новинарите пробуваа со споредување на слики да дојдат до релевантни информации по што дојдоа до неофицијални резултати.

Неодамна кога престојувал во Мајами Бекам на една слика го покажал своето ретко теме за да после само месец дена да се појави во Кина со густа коса. Се дознало дека фудбалерот го обоил своето теме за да изгледа дека има по густа коса.

Самата процедура за пресадување на коса е долготрајна, а се користи постоечката коса односно од деловите каде има густа коса поединечно се одзимаат влакна и се пресадуват на местата каде е поретка. Косата најчесто се зема од задниот или страничниот дел на главата. Со оваа метод функционира на начин што пресадената коса почнува да расте и се создаде нова која нема да се разликува од старата коса. Цената за трансплатација на косата се движи помеѓу 120 000 – 160 000 денари иако конкретната цена зависи од деталите на третманот што значи дека може да чини и многу повеќе.

Сепак Дејвид Бекам не е еднистввениот кој се решил на ваков чекор. Има и други познати личности кои веќе признаа дека пресадувале коса, а меѓу нив е истотака фудбалерот, и соиграч на Бекам од времето на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни кој почна да ја губи својата коса на 25 години, а третманот кој го правел траел 9 часа, а истиот чинел околу 2 000 000 денари.

„Кога ќе се погледнев во огледало си велев: О Боже толку сум млад, а веќе ми сјае главата. Многу се оптеретував со тоа“ – изјави Руни.

И русокосиот Метју Меконахи исто така немал секогаш бујна коса. По пресадувањето на косата бил прогласен за најсекси маж според списанието People.

Истиот проблем имал и пејачот Роби Вилијамс кој пак рекол:

– Пресадив коса и немам што да кријам. Резултатите се одлични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi