Денес е Светскиот ден на контрацепцијата: Лекарот ги откри 4-те најчести заблуди за овој вид заштита!

26 септември, 2020
апиџиња наслов

Многу луѓе не се доволно информирани по ова прашање

Светскиот ден на контрацепција се слави секој 26 септември и е посветен на нагласување на важноста од користење на различни методи на контрацепција, одговорно сексуално однесување и зачувување на репродуктивното здравје.

Сепак, многу луѓе имаат одредени сомнежи во врска со овој вид заштита, особено оние кои за прв пат наидуваат на контрацепција.

Гинекологот д-р Сонал Кумта вели дека има голем број жени кои се плашат да користат контрацепција, како и дека не се доволно информирани за ова прашање.

Таа ги откри четирите најчести заблуди за овој вид заштита.

1. Ако пијам апчиња сега, можеби нема да забременам никогаш

Апчиња за контрацепција работат само кога жената ги зема редовно. Веднаш штом ќе престане да ги користи, може да забремени.

2. Кондомите се стопроцентна заштита

Факт е дека кондомите нудат заштита од околу 80 проценти, што значи дека жената понекогаш може да забремени, без оглед на оваа заштита. Сепак, тоа не значи дека не треба да се користат кондоми, бидејќи тие, пред сè, ги штитат луѓето од сексуално преносливи болести.

3. Зголемувате тежина поради таблетите

Нема индикации дека жените добиваат на тежина поради земање апчиња за контрацепција. Од друга страна, тие можат дури да влијаат позитивно на намалување на грчевите во менструацијата и крварење, како и намалување на акните и контрола на синдромот на полицистични јајници.

4. Контрацепцијата е женски проблем

Исто како што планирањето на бременоста е одлука донесена заеднички од еден пар, истото важи и за контрацепција. Консултациите се најдобриот начин жените и мажите да изберат метод на контрацепција, а гинекологот може да им помогне во овој процес.