Диета со краставици: Со магичната напивка се губат 7 килограми за 10 дена!

10 мај, 20200
krastavica-dieta

Исхраната со краставици е идеална за сите оние кои не сакаат да размислуваат премногу за тоа што да јадат додека се на диета. Планот за исхрана е исклучително едноставен – има само неколку намирници што се консумираат, а самата диета се спроведува 10 дена …

Освен варијантата кога диетата со краставици се спроведува 10 дена, постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати!

Губењето од дури 7 килограми – се разбира е во зависност од нивото на физичка активност.

Основата на оваа диета е салата од краставици, која може да се конзумира во неограничени количини секој пат кога ќе се чувствувате гладни. Салатата е богата со хранливи материи и не треба да се грижите дали ќе ви недостига нешто за време на десетдневниот режим. Други намирници што се консумираат во текот на денот се 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од маслото или 150 гр бело месо на скара … 2 поголеми варени компири (може да се варени, печени во рерна, но не да се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб. Исто така, 500 грама свежо локално одгледувано овошје.

Од течности се внесува обична вода и чај, па дури и кафе (без шеќер) е дозволено. Она што е строго забрането се газирани пијалоци, алкохол и слатки. Со секој оброк, како и помеѓу оброците, можете да јадете неограничено количество салата од краставици и можете да пиете смути од краставици.

Салата од краставици

Салата од краставици се прави исклучително брзо и е многу едноставна.

Состојки:

  • околу 400 гр краставици
  • 2 дл кисело млеко или јогурт (кој има домашен кефир може да го користи)
  • сол
  • млад лук (по избор)

Подготовка:

Излупете и исечете ја краставицата на мали кругови. Додадете сол, измешајте нежно за правилно распределување и прелијте со кисело млеко, јогурт или кефир, а потоа повторно измешајте лесно. По желба и по вкус, додадете ситно исецкан млад лук и … сервирајте веднаш!

Смути од краставици

Ставете во блендер:

  • една млада краставица (со кора – секако добро измиена)
  • грст добро измиен спанаќ
  • едно кисело јаболко
  • додадете малку рендан свеж ѓумбир или на врв од нож ѓумбир во прав (по желба)

Добро измиксирајте, истурете во чаша и посипете со парчиња ореви или бадеми одозгора. Пијте го додека е свеж, затоа што колку подолго останува – губи хранливи материи. Овој пијалок ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали, а особено витамини А и К. Напитокот е исто така богат со растителни влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б, како и калциум и калиум. Целиот спектар на сè што ни треба, во една чаша!

Иако ова е многу едноставна диета, треба да обрнете внимание на квалитетот на намирниците. Обидете се да користите само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач. Умерената физичка активност е важна работа за секоја диета, вклучително и во ова, а половина час брза прошетка значително ќе ви помогне да изгубите вишок килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi