Диета за коса за поголема цврстина и сјај

1 јуни, 20200
profimedia-0191113915

Јајца, месо и свеж зеленчук треба да се јадат секој ден. Исхраната која се темели на овие продукти ја прави косата поцврста и и дава сјај.

97% од косата ја сочинуваат протеини. За да стане поцврста и поздрава нашата исхрана треба да биде богата со протеини кои ги има најмногу во месото.

Се препорачува говедско, телешко и пилешко. Освен протенини месото содржи и цинк, кој ја забрзува обновата на келиите на косата. Потребно е истотака да се јаде компир и млечни производи како и каши или мешункасти производи како на пример леќа.

Освен растителните протеини месото содрши и многу железо кое ако го нема доволно во телото, косата слабее и почнува да опаѓа. Железото исто помага и при преносот на кислород до влакната на кожата што е неопходно за правилен раст. Правилната количина во вашата исхрана и дава на косата прекрасна боја бидејќи учествува во создавањето на природни меланински бои.

Масло од репка за сјајна коса

Треба да се додава ова масло во исхраната бидејќи благодарение на него косата е посјајна и еластична. Тоа содржи големо количество на омега 3 масни киселини, а косата се состои помеѓу другото и од овие драгоцени масти.

Нашето тело не може да ги произведува самостојно, а тие се неопходни за здрави и сјајни влакна. Омега 3 ја задржува водата во келиите на косата и на тој начин ја помага хидратацијата на прамените од внатре, а ја прави поотпорна на оштетување.

Јајцата ја зајакнуваат ослабената коса

Освен месото, јајцата содржат протеини кои и се потребни на косата да расте и ја обезбедува со доволно витамин Б7, благодарение на кој фоликулите на косата може да го апсорбираат протеинот. Јајцата исто содржат цинк и железо кои се важни за волуменот, како и витамин Д.

Според дерматолозите, жените кои имаат недостаток на витамин Д имаат поголема шанса да ја изгубат косата. Поради тоа е важно е конзумирањето на јајцата, а според последните истражувања се дозволува јадење на јајца секој ден бидејќи не влијаат на холестеролот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *