Диететичарка откри колку калории имаат најпопуларните пијалоци

24 ноември, 2020
bf832f95-0bb0-4785-8db5-419ec729a1ff

Многу често се заборава на течните калории. Она што го пиете многу добро може да се одрази на вашата линија. Ако сте решиле да изгубите тежина, покрај тоа што ќе јадете, мора да размислите и како ќе ја задоволите жедта.

Добро е познато дека најздравиот пијалок е водата. Покрај тоа што не содржи калории, тоа е важно и за нормално функционирање на организмот. Имено, водата помага во регулирање на телесната температура, ги подмачкува зглобовите и го одржува васкуларниот систем здрав.

Оние кои не го сакаат вкусот на вода, секогаш можат да додадат парчиња овошје по избор.

Диететичарката Мелиса Мејер за порталот Body + Soul ги рангираше најпопуларните пијалоци од најмалку до најкалорични за да покаже колку е важно да обрнете внимание на тоа што пиете.

Вода – 0 калории

Црно кафе – 4 калории

Црн чај – 4 калории

Чаша шампањ – 105 калории

Пиво (330 ml) – 113 калории

Red Bull (250 ml) – 116 калории

Црвено вино (150 ml) – 116 калории

Розе (150 ml) – 119 калории

Лимонада (375 ml) – 151 калорија

Кока-кола (375 ml) – 151 калорија

Шолја кафе со млеко – 158 калории

Шолја кафе со млеко и еден шеќер – 177 калории

Смути со млеко и едно банана – 252 калории

Свежо исцеден сок од портокал (600 ml) – 256 калории