До зголемено либидото со АКУПРЕСУРА: Постигнете посилен оргазам со масирање на КАРАКТЕРИСТИЧНИ точки на телото

15 август, 2020
relax-1690338_1920

Новите истражувања откриваат дека повеќето луѓе имаат одредени места на телото, на кои се особено чувствителни и каде сакаат да ги допираат пред и за време на сексуалниот однос.

Имено, експерти од повеќе британски универзитети дошле до заклучок дека „клучните точки“ кај жените се: глава, усни и задниот дел на вратот, додека кај мажите тие се: усни, врат и уши.

Покрај тоа, постојат некои други делови од телото кои со помош на акупресура, односно акупунктура без игли, можат да го зголемат либидото.

Професионалниот психотерапевт и акупунктуристи, Гилберто Коениг сподели корисни совети, пренесува „The Sun“.

Абдоменална масажа

Рен 6 точка – лоциран на абдоменот, два прста под папокот

  • Повеќето луѓе знаат за Г-точката, но има и „копче за оргазам“ веднаш под папокот. Ако го масирате овој дел од телото околу две минути, го ослободувате телото на лоша енергија и ја зголемувате циркулацијата, што го зголемува либидото и се постигнува поинтензивен оргазам, вели Гилберто.

Масажа на листот

KI7 точка – се наоѓа на работ на Ахиловата тетива, на внатрешноста на подножјето

SP6 точка – четири прста над внатрешниот дел на зглобот

  • СП6 е важна точка во сексуалните проблеми. Може да помогне во олеснување на болката за време на сексот кај жените, па дури и да се намали импотенцијата кај мажите. Стимулира смирувачка енергија, додека KI7 влијае на согорување на страстите, така што стимулацијата на овие точки доведува до совршена врска, што го охрабрува пумпањето на крвта во виталните органи, вели Гилберто.

Масажа на главата

DU20 – се наоѓа на горниот дел од главата,во линија со горниот дел од ушите

  • Со масирање на точката DU20, помага да се смират нервите и да се релаксира умот, што влијае и на подобро спиење и складирање на енергија што овозможува посилна сексуална желба, објаснува Гилберто.

Масажа на нозе

KI1 – се наоѓа на долната третина од подножјето

SP4 – на почетокот на петите, во внатрешноста на подножјето

LR3 – просторот помеѓу првиот и вториот прст на ногата

  • Масажата на точките KI1 и SP4 за две минути го зголемува нивото на хормонот на среќа – серотонин. Тие ја балансираат енергијата во организмот и го стимулираат протокот на крв. Најдобро е да ја масирате точката LR3 ако сакате да ги смирите негативните емоции – како лутина. Разни негативни емоции доведуваат до главоболки, што е честа причина за одбивање на секс, па затоа е добро да се масира оваа точка по ваквите ситуации, вели Гилберто.