Доколку често ве чешаат градите, одете на лекар!

23 мај, 20200
gradi

Некогаш е нормално градите да не чешаат, но доколку тоа се случува често, ви советуваме лекарски преглед.

Но еве неколку вообичаени причини поради кои може да ве чешаат градите:

Можеби имате егзема

Ако на градите имате осип кој чеша и иритира, тоа може да биде егзема- хронично воспаление на кожата пропратено со бројни непријатни симптоми како што се голема сувост и чешање на зафатените области.

Најчеста причина е таа што кожата не е способна да ги одржи хранливоста и добрите бактерии кои ја чуваат од иритација.

Едно од 10 лица има некаков облик на егзема во текот на животот, а најчесто ги погодува децата. Стресот исто така ја огрубува кожата, изложувањето на ладно, изложувањето на топло, прашокот за перење и првутот од домашните миленици можат да ја предизвикаат оваа појава.

Сува кожа

Некоја кожа е природно сува, но доколку во својата рутина неодамна сте вовеле нови производи, тие можат да бидат причина за чешање. Кожата во областа околу градите треба да биде добро потхранета.

Не го перете градникот често

Секоја нечиста облека, вклучувајќи ги и градниците, има бактерии кои можат да ја иритираат и инфицираат кожата. Градите се потат повеќе и затоа градниците треба да ги переме еднаш неделно. Спортските градници треба да се перат веднаш по вежбањето.

Но не е се во чистотата на градниците, туку и во материјалот. Синтетичките материјали, полиестер и латекс ја иритираат кожата, па затоа памукот е најпрепорачлив материјал.

Ви растат гради

За време на пубертетот или бременоста кожата на градите толку многу се растегнува, што предизвикува чешање. Можете да користите лосиони, креми и гелови за да ја ублажите иритацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi