Доктор од Харвард препорачува: оваа храна го одржува менталното здравје, го јакне имунитетот и е задолжителна по 50тата година!

1 мај, 20200
доктор

Со истражување кое траело повеќе од 10 години докажано е дека овие намирници имаат посебни придобивки за лицата постари од 50 години.

Како се приближуваме кон средните години, расте ризикот за болести како дијабетес тип 2 или покачен холестерол. Вклучувањето на гравот во секојдневната исхрана е фантастичен начин да се намали ризикот. Само половина шолја грав на ден го намалува лошиот холестерол до 5%.

И овесот е одличен заради растворливите влакна кои се нарекуваат бета глукан. Тие се врзуваат за холестеролот во текот на варењето и му овозможуваат да се елиминира од телото, наместо да остане во артериите.

Јаболките се одлична диетална исхрана поради повеќе причини. Тие го намалуваат ризикот од дијабетес со тоа што го регулираат нивото на шеќер во крвта. Содржат 5 грама влакна кои можат да го намалат холестеролот, а исто така содржат и супстанца која се вика кверцетин за која е докажано дека го намалува крвниот притисок. Исто така, јаболките се богати со витамин Ц, калиум и антиоксиданти.

Јаткастите плодови го намалуваат ризикот од срцеви удари за 28%

За подобра функција на мозокот

Луѓето кои јадат многу зелено, како што е спанаќ, кељ или зелка имаат повеќе шанси да го задржат нивото на концентрација на повисоко ниво.

Уште еден фантастичен сојузник за подобра работа на мозокот се бобинките од сите видови. За нив се верува дека го зголемуваат дотокот на крв во мозокот, а истовремено ги намалуваат и воспаленијата во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi