ДОЛГА ЛИСТА Откриен е нов симптом што може да биде предизвикан од вирусот корона

1 септември, 2020
Woman_soles(feet)

Сува кашлица, треска и отежнато дишење од почетокот на пандемијата се сметаат за главни симптоми на КОВИД-19. Со текот на времето, некои други симптоми, како што се губење на вкус и мирис, се забележани кај разни пациенти, а според последните откритија, може да се предизвикаат и промени на кожата.

Лекарите ги нарекоа овие промени „Колви прсти“ и тие најчесто се црвени или црвено-виолетови отоци кои се нежни, чешааат и / или создаваат чувство на „печење“. Најчесто се појавуваат на прстите, но и на петиците, пишува Вечерњи лист.

Јоана Харп, американски дерматолог од Универзитетот Корнел, специјализирана за кожни нарушувања поврзани со внатрешни заболувања, рече дека повеќето пациенти кои ја забележале оваа промена се асимптоматски или имаат лесни симптоми и најчесто целосно се опоравуваат дома.

Хумберто Чои, лекар на клиника во Кливленд, објаснува дека не е невообичаено некој што има вирусна инфекција да добие осип или дамки по телото. „Може да се случи и со други вирусни респираторни инфекции како сипаници“, вели Чои, додавајќи: „Оваа состојба може да предизвика мали блокади или микро-тромби во крвните садови кои се наоѓаат на прстите“.

escort - Korsan taksi