Домашен пилинг со шеќер и мед за мазни стапала

11 мај, 2020
Dark Brown Cane Sugar In Pestle And Mortar

За мазни и меки стапала, не е неопходно да се посетат салони за убавина. Можете сами да направите одличен природен препарат, а покрај тоа што нозете ќе ви бидат меки, ќе се ослободите од замор и ќе се опуштите.

За пилинг за нега на нозе, потребни ви се:

  • 1/4 чаша кафеав шеќер
  • 2 лажички масло од кокос
  • 2 лажички мед
  • 3 капки масло од нане

Добро измешајте ги сите состојки и нежно тријте на нозете. Исплакнете со топла вода и исушете ги стапалата добро.

Ако не ја искористите целата количина одеднаш, ставете ја подготовката во сад со капак и користете ја во рок од еден месец.