Домашна маска за коса на Карди Би- косата расте брзо, а тајната е во овие состојки (ВИДЕО)

5 август, 20200
карди б

Американската раперка Карди Би (27) им открила на своите следбеници на Инстаграм рецепт за природна маска за брз раст на косата.

Таа во видеото детално споделила совети и ја опишала постапката, објаснила што треба да направите за да ви биде косата поздрава.

  • Најпрво расчешлајте ја косата додека е мокра откако ќе ја измиете од регенераторот и расплеткајте ја.
  • Врвовите на косата се најосетливи додека е косата влажна и затоа немојте по миењето да ја триете косата со пешкир.

Состојки:

  • зрело авокадо
  • 2 јајца
  • лажичка мајонез
  • лажичка рицинусово масло

Подготовка:

  • Ставете ги состојките во блендер и добро измиксирајте ги.

Карди Би вели да ја нанесете маската по должина на целата коса и да ја оставите да отстои што е можно подолго. Замотајте ја главата со марама или шал бидејќи така ќе спречите допирање на косата и протекување на маската.

Потоа измијте ја косата нормално, како што вообичаено ја миете со вода и шампон. Таа вели дека вообичаено користи оризова вода по миењето бидејќи е богата со минерали и аминокиселини кои ги зацврстуваат краевите на косата.

Авокадото содржи природни масла и антиоксиданси кои и даваат сјај на косата.

Жолчките содржат аминокиселини кои ги негуваат врвовите на косата и ги штитат влакната од загадување и штетно влијание од УВ зраци, додека рицинусовото масло го поттикнува растот на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi