Доналд Трамп vs. Ким Јонг-ун- кој се храни подобро?

15 мај, 20200
трамп 3

За Доналд Трамп генерално може да се каже дека е голем љубител на брзата храна и покрај тоа што на располагање ги има најдобрите светски готвачи.

Што јаде американскиот претседател?

Во неколку интервјуа и јавни настапи Доналд Трамп потврдил дека ужива во хамбургери, пржено пилешко и пици од најпопуларните американски ресторани. Интересно е да се напомене дека тој пази на внесот на јаглени хидрати, па кога јаде пица, најчесто го јаде само филот, а тестото го остава во чинијата.

Пред да стане претседател во една посета на Јапонија тој одбил да јаде суши со објаснување дека никој нема да го натера да јаде свежа риба. Наместо тоа, изел хамбургер од МекДоналдс. Обожава и благо, особено сладолед од ванила. Не пие алкохол а најчесто консумира кока кола без шеќер.

Што јаде врховниот водач на Северна Кореја?

Ким Јонг-ун е голем обожавател на ементалер. Тој се заљубил во полутврдото сирење со дупки за време на школувањето во Швајцарија, а неговите готвачи го нарачуваат токму од таму. Некои велат дека мора да има постојано, каде и да се наоѓа, а еднаш неделно на менито е и суши од туна. Сака кавијар, јастог, дроб од гуска и други луксузни јадења.

Некои велат дека е голем љубител и на едно од најконтроверзните јадења на светот- супа од перки од ајкула. Тој ужива и во месо, а кога јаде одбира кобе- најскапото јунешко парче на светот, кое мора да биде послужено слабо печено, дури и крваво.

Не може да си го замисли животот без бразилско кафе, како и квалитетни алкохоли како руска вотка, пенливо вино Crystal, вина од францускиот регион Бордо и коњак Hennessy.

Ким Јонг-ун и Доналд Трамп се сретнале на самит во Северна Кореја во 2019 година, а на раскошната вечера требало да бидат послужени со ретки азиски деликатеси. Но менито на крајот било западно: салата од шкампи за предјадење, рамстек за главно јадење и лава колач од чоколадо со сладолед од ванила за десерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi