ДРАГА ЖЕНО, НЕ НИ ПРИМЕТИ ДЕКА ИМАМ НОВА ФРИЗУРА: Ова е најдоброто писмо за развод кое некогаш е напишано!

7 октомври, 2020
416277_pismo2_ls

Ви го пренесуваме во целост

Разводите се честа појава денес, затоа не е изненадувачки што се случуваат такви работи. Имено, еден маж реши да ја напушти својата сопруга, ни помалку, ни повеќе: со писмо!

Ви го пренесуваме во целост…

„Драга жено

Го пишувам ова писмо за да те известам дека те оставам засекогаш. Бев добар сопруг седум години, но за возврат не добив ништо. Последните две недели беа особено ужасни. Капката, која ја прелеа чашата, беше повикот од твојот шеф, кој соопшти дека си дала отказ од работа.

Се врати дома минатата недела и дури и не забележа дека направив поинаква фризура од вообичаеното, го подготвив твојот омилен оброк за вечера, па дури и облеков нови свилени гаќи.

Изеде сè за две минути, ја изгледа својата „сапуница“ и веднаш си легна. Веќе долго време те ве слушам како кажуваш дека ме сакаш, не сакаш да правиш ништо што ги врзува мажот и жената.

Или се гледаш со некого, или веќе не ме сакаш. Во секој случај, те оставам!

Твојот поранешен сопруг.

П.С. Не се ни обидувај да ме најдеш. Засекогаш се преселив во Западна Вирџинија со твојата сестра. Чао!”

Одговор на сопругата:

„Почитуван поранешен сопругу,

Одамна нешто не ме израдувало толку многу како ова твое писмо.

Во право си, ние сме во брак седум години. Што велиш – добар сопруг? Ха, ха, далеку си од тоа, далеку ..

Гледам „Сапуници“ затоа што ми досади твоето постојано лелекање. На крајот на краиштата, ни тоа не помагаше.

Ја забележав твојата нова фризура минатата недела и сè што сакав да кажам беше: „Изгледаш како некоја баба!“. Бидејќи мајка ми ме научи да кажувам добри работи, или да молчам, се одлучив за она второто“.