Една состојка, а девет различни јадења: што треба да знаете за мексиканската храна?

5 мај, 2020
meksikanska

Иако речиси сите јадења се послужуваат во тортиља, сè уште не ви е јасна разликата помеѓу енчилада и чимичанга, бурито и такос?

Тортиљата е основа на мексиканската кујна, а начинот на кој се полни, витка и термички обработува е различен.

Еве дел од мексикански јадења со тортиља и како можете да ги разликувате:

Бурито
Пченична тортиља полнета со месо, сирење, ориз, грав и друг зеленчук, се завиткува на начин да не се гледа внатрешноста. Полнењето е видливо друри кога ќе го загризете или пресечете со нож.

Чимичанга
Бурито пржено во многу зејтин кое потоа се послужува со гвакамоле, салса, кисела павлака, или некој друг сос.

Енчилада
Пченкарна тортиља полнета со месо, сирење, зеленчук која се витка, а потоа се прекрива со сос па се пече во рерна.

Флаутас
Пченична тортиља со месо, морски плодови или зеленчуци која се витка во форма на флејта, а потоа се пече.


Начос
Пченкарна тортиља исечена како чипс која се пржи додека не стане крцкава, а потоа се покрива со мелено месо, зеленчук, сирење и сосови. Најчесто се служи како предјадење.


Тако
Мала пченкарна или пченична тортиља која се прекрива со зеленчук, месо, морски плодови, рендано сирење и разни сосови. Се превиткува и се јаде.

Такито
Такито значи мало тако, а уште се нарекува и тако дорадос. Означува мала пченкарна тортиља која се пече во зејтин во форма на школка, а потоа се полни со мексикански полнила.

Тостада
Тостирана тортиља или тортиља печена во зејтин која се служи како прилог. за тостада се користат стари тортиљи кои можат да се јадат, но не се доволно свежи за да се направи бурито или тако.

Кесадиља
Две пченкарни или пченични тортиљи поставени една под друга и полнети со рендано сирење, а понекогаш со месо, зеленчук или зачини кои се греат на тава, а потоа се сечат на триаголници па се јадат со сос по желба.