Една третина од луѓето кои се во врска фантазираат за истото „забрането овошје“: Дали вие сте меѓу нив?

31 октомври, 2020
on-a-yacht-29209351920-830x0

Ако се плашевте дека вашите фантазии се социјално неприфатливи, сега можете да здивнете со олеснување

Омилена сексуална фантазија на една третина од луѓето е да бидат во таканаречена отворена врска, односно да не бидат верни „до гробот“ на нивниот емотивен партнер, покажа истражувањето спроведено во Америка.

Во студијата учествувале 822 Американци кои биле во моногамни врски за време на студијата. Факт што дополнително изненадува е дека 80 проценти од третина од оние кои признале дека сонуваат за „отворена врска“ изјавиле дека работат интензивно за да ја остварат својата фантазија.

Но, дали „отворените врски“ навистина функционираат или тоа е само мит?

Студија спроведена во 2019 година на Универзитетот во Рочестер покажа дека ваквите врски се можни, особено ако и двајцата партнери се подготвени да разговараат за тоа, одобруваат меѓусебно „фрлање настрана“ и не се чувствуваат виновни затоа што биле интимни со некој друг. Но, студијата сугерира дека „отворената врска“ нема да биде освежување за двајцата партнери, ако некој е експлицитно против „третата страна во приказната“ – тогаш настанува распаѓање. – Сексуалноста кај луѓето еволуирала како и многу други карактеристики – вели д-р Кристофер Рајан, автор на книгата „Секс и зора“. – Интернетот и ТВ ги популаризираат ваквите врски, па луѓето се заинтригирани сами да ги испробаат, без оглед дали се задоволни со својот партнер. Затоа поборниците за моногамија мора да научат да пливаат возводно наспроти струјата што ни ја остави еволутивниот развој. Моногамијата не е лесна, ниту е за секого. Оние кои тврдат дека не се родени да го поминат целиот свој живот со еден партнер или еден партнерка, ја промашуваат поентата, бидејќи повеќето цицачи не се предодредени за моногамија.