Експерт открива: каде грешиме при дезинфекција на рацете?

3 мај, 20200
раце

Дезинфекцијата на раце е она што е важно и примарно во превенцијата од коронавирусот. Ние мислиме дека го правиме тоа како што треба, но експертите не се согласуваат. Еве неколку детали на кои ретко кој внимава.

За каква грешка станува збор?

По дезинфекцијата рацете се претежно суви, кожата станува погруба, така што многу од нас веднаш посегнуваат по крема за раце, која нашата кожа ќе ја направи мека и еластична. Токму тоа е грешка, смета германскиот доктор Андреј Зетлер.

“Никако не треба да нанесувате крема за раце веднаш по дезинфицирањето, бидејќи се губи ефектот на дезинфицирање. Потребно е некое време за да се отстранат сите бактерии од рацете , а средството за дезинфекција да делува. Кремата е контаминирана со свои бактерии, така што по нанесување на крема за раце, тие не се стерилни”, кажал докторот.

Со што да ги дезинфицирате рацете?

За кремата е важно да не содржи алкохол и во својот состав да има повеќе материјал кој ќе ја зголеми еластичноста на кожата, но што станува со средствата за дезинфекција? Дали е можеби чистиот алкохол е добар избор, или не?
Всушност, најдобар избор е раствор од алкохол. Велат дека најдобро е да се користи 60% алкохол, бидејќи тогаш делува на вистинскиот начин. Секако, растворот не може да биде составен само од алкохол, бидејќи потребна е и вода за да се уништат бактериите кои преку водата доприраат до молекулот на алкохолот.

Така што, ракијата не би помогнала многу при дезинфекција, па подобро е да земате средства за дезинфекција од аптеките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *