Експертите тврдат: Ова ќе ви се случи ако 30 дена пиете само вода!

17 јуни, 20200
A glass of water macro shot

Дали сакате подобро да се чуствувате и да ја намалите тежината, а притоа да не го промените начинот на исхрана?

Се чини како невозможна мисија, но сепак, експертите тврдат дека една мала работа може да има одличен ефект врз вашето тело: Пијте само вода.

Студијата објавена во списанието Frontiers in Human Neuroscience, истакна 5 основни придобивки од водата:

  • Ја зголемува креативноста – За да може мозокот да функционира нормално, потребен е кислород, а водата е одличен извор. Ако пиете помеѓу 8 и 10 чаши вода на ден, вашите когнитивни способности ќе се подобрат за 30 проценти.
  • Го забавува стареењето – Истражувањата покажаа дека ако во текот на 30 дена пиете само вода, вашата кожа ќе биде идеално хидрирана, а брчките ќе се намалуваат.
  • Го зајакнува имунитетот – Водата е одличен катализатор и во соодветни количини ја забрзува работата на црниот дроб и бубрезите, органите кои ги елиминираат токсичните материи во крвта.
  • Го зајакнува срцето – Водата го намалува ризикот од срцеви заболувања, а исто така го намалува крвниот притисок и го спречува згрутчувањето на крвта. Експертите велат дека е добро да пиете чаша вода еден час пред спиење, бидејќи тоа го намалува ризикот од срцев или мозочен удар.
  • Губење на тежината – По периодот од 30 дена, телото исфрла штетни материи од виталните органи. Водата дава чувство на ситост, што го олеснува симнувањето на телесната тежина и го контролира вашиот апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *