Еве како брзиот секс да ви биде право уживање!

3 јули, 20200
секс

Дали имате само 5 минути? Верувале или не, тоа понекогаш може да биде повеќе од доволно за незаборавно и спонтано водење на љубов што го памтите.Брзиот секс е особено добар, затоа што постои стравот дека некој ќе ве фати. Затоа, нивото на возбуда е повисоко, можете да ја прескокнете предиграта и постои добра шанса и двајцата да доживеете оргазам.

Идеални места

Најважно е да имате желба, сè друго е лесно остварливо. Утринскиот туш лесно може да доведе до вриење на страстите или некое скриено место познато само за вас. Понекогаш е доволно да го изненадите партнерот наутро. Нешто како утрински тренинг, само многу повеќе примамливо. Разбудете го или, на некој возбудлив начин, со бакнежи, допири, орално задоволување и објаснете како сакате денот да ви започне. На овој начин, ќе ги започнете вашите дневни обврски со голема доза на енергија и добро расположение.И журките не се исклучок. Дали ви е досадно? Искористете ја приликата да отидете во тоалет со партнерот или во некоја од собите каде што нема никој. Единствената работа што треба да ја имате предвид, без оглед колку ве обземаат страстите, е да се обидете да бидете тивки. Освен ако не сакате никогаш повеќе да не бидете поканети на вакви собири.

Трикови што ќе бидат корисни

Кога ќе најдете засолниште и најдобра поза за брз секс, сè што треба да направите е да се препуштите на страста. За да можете да го сторите тоа, не комплицирајте ги непотребните работи и послушајте некои совети од стручњаците.

Останете делумно облечени

Не мора да бидете потполно голи за да водите љубов, важно е само да ги ослободите потребните делови. Ако успеете да тргнете сè, тоа значи дека имате и време и удобност. Таа страст заробена во моментот и спонтаноста може да испари. Покрај тоа, брзиот секс обично доаѓа со мал дел од ризикот да бидете фатени на дело. Ако чуете дека некој доаѓа, на овој начин можете брзо да се облечете и да поминете незабележано. Ќе ви биде тешко да го направите ова ако немате ништо на вас.

Не грижете се за малите работи

Не е важно дали градникот ви е во иста боја како и долната облека, како и дали носите секси и заводлива долна облека или сте избрале обична и удобна за секој ден. Партнерот најверојатно нема ни да забележи каква долна облека носите. Опуштете се.

Носете нешто едноставно

Здолништата и фустаните се лесни за кревање, па затоа се многу погодни за вакви активности. Дали планирате да го изненадите од брзински секс? Не ги комплицирајте работите со облеките што треба да се одврзуваат со денови, или се премногу тесни.

Не очекувајте оргазам

Колку повеќе го очекувате, толку помалку веројатно дека ќе се случи. Наместо тоа, фокусирајте се на уживањето и страста. Брзиот секс е многу често еднонасочна улица и се случува и двете страни да не завршат со оргазам. Меѓутоа, ако се опуштите, ќе ви биде одлично. Секако, ваквото искуство ќе ве зближи уште повеќе.

Најдете го вистинското време

Овој вид на секс не е за моментите кога доцните некаде или пак брзате некаде. Но, исто така не ви треба цела вечност. Размислете за тоа кога можете безбедно да издвоите 5 минути од вашето време. Пауза за кафе можеби?Брзиот секс многу често е неоправдано поврзан со љубовни афери и измама во врската. Но, не мора да биде така. Ако имате шанса, пробајте. Потребни ви се само 5 минути. Ако и двајцата сте доволно желни за тоа, можеби и помалку од тоа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *