Еве како да ги отстраните темните подочници за само 9 минути: Одлични трикови од холивудските шминкери

22 јуни, 20200
pod2

Ви откриваме како да го користите коректорот за подочници така што ќе ги покриете сите недостатоци на вашата кожа.

Коректорот за подочници е доверлив сојузник за убавина на секоја жена дури и кога кожата не е баш расположена за тоа.

Но, доколку сакате во целост да ги покриете темните подочници холивудските шминкери советуваат да користите две нијанси на коректор.

Еден коректор во посветла нијанса од вашата кожа, во главно жолтеникава нијанса, кој ќе ги нагласи деловите на вашето лице каде што ќе го нанесете. Овој коректор нанесете го во пределот под очите во облик на триаголник со цел да ги прекриете подочниците и да ги нагласите очите и образите. Потоа користете друг коректор со “поладна” нијанса од првиот коректор кој ќе го нанесете на краевите т.е аглите од очите.

На овој начин се прави контраст на вашето лице и тоа изгледа како никогаш да не ни имало темни подочници.

За крај, преку коректорот со четка нанесете камена пудра така што ќе ја фиксирате шминката.

Во видеото кое следи, детално се објаснети чекорите за нанесување коректор на овој начин:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *