Еве како да се грижите за лице заразено со коронавирусот во домашни услови: Обрнете внимание на ОВА!

26 октомври, 2020
223377_shutterstock-1450387367_ls

Ако некој од членовите на вашето семејство е заразен со коронавирусот, еве како безбедно да се грижите за нив.

Ако живеете со некој кој покажува знаци на коронавирус или кој се лекува од овој вирус дома, еве што можете да направите:

Луѓето кои имаат симптоми, но не биле во директен контакт со потврдени пациенти, ќе останат дома за да се лекуваат и да го зајакнат својот имунитет што е можно повеќе.

Центрите за контрола и превенција на болести велат дека повеќето луѓе кои имаат лесни симптоми на КОВИД-19 треба да се лекуваат дома. Лесни симптоми се: сува кашлица, треска, воспалено грло, болка, треска, замор, течење на носот и дијареја. Ако имаат посериозни симптоми – плитко дишење, болка во градите и пневмонија – јавете се на некои од телефонските броеви каде што ќе добиете упатства за понатамошно.

Како да се грижите за најблиските кои имаат симптоми на КОВИД-19, а при тоа да се зачувате себе си:

Изолирајте го болното лице: вирусот се пренесува со допир, затоа пристапете на болното лице на два метра. Сите предмети што болното лице ги допира мора да бидат стерилизирани или фрлени.

Спијте во посебни простории, ако е можно, користете посебна бања. Ако немате можност да одвоите толку многу, користете барем два единечни кревети.

Хигиена – болното лице мора да има посебен пешкир, прибор за јадење, ќебе, перница, постелнина, телефон … Се што ќе допре или користи заразено лице мора да биде темелно дезинфицирано. Перете ја облеката на 60 степени и стерилизирајте ги садовите во машината за миење садови, доколку имате. Ако немате што е можно потопла вода и измијте темелно со сапуница.

Носете маска и ракавици кога комуницирате со заразено лице. Мијте ги рацете 20 секунди по секој контакт, ако сапун и вода не ви се при рака, користете средство за дезинфекција на рацете, со најмалку 60% алкохол.

Обезбедете добра грижа за заразените:

Болното лице мора да пие многу течности, без разлика дали се работи за вода или електролити.

„Кога некое лице има треска, мора да бидете сигурни дека ќе бидат добро хидрирани, едноставната хидратација ќе ги спречи несаканите ефекти на болеста“, изјави Џејк Деуч.

Овој лекар изјавил дека витамин Ц и цинк мора да се најдат кај секој пациент бидејќи тие го зајакнуваат имунитетот.

Кај повеќето луѓе, симптомите траат неколку дена и се влошуваат по една недела. Разговарајте со вашиот лекар на колку време ќе треба пациентот да остане изолиран, но искуството покажува дека тоа е околу 14 дена.

Одржувајте ја куќата чиста – сите површини мора да се избришат со средство за дезинфекција. Алиштата на болното лице мора да се перат одделно, а лицето кое ги става во машината мора да носи ракавици. Темелно измијте ги рацете откако ќе ги извадите нараквиците.

Следете го секој симптом на болното лице – ако се зголеми температурата, лицето чувствува задушување и болка во градите – јавете се кај надлежниот лекар.

Нормално е да бидете загрижени, вознемирени или дури и исплашени. Нормално е болната личност да се чувствува исто. На вас е да пребродите од ден за ден. Наоѓајте начин да се забавувате и да ги пренасочувате мислите од болеста.

Силен дух го зајакнува телото. Во ниту еден момент не заборавајте да се грижите и за себе. Ако сте здрави и ментално силни, пациентот исто така ќе се опорави побрзо и полесно!