Еве како ја убив љубовта на еден маж: По 12 години брак, тој реши да замине. Не можеше повеќе да издржи!

27 септември, 2020
229333_shutterstock-1154190310_ls

Ќе ви раскажам што направив за да престане да ме сака. Се разбира, го направив тоа потполно несвесно

Ние бевме во брак 12 години, а потоа тој одлучи дека е време да се разведе. Иако на почетокот бев изненадена, кога размислував за нашиот брак сфатив дека сум ја убила љубовта одамна.

Сопругот немаше друг избор освен да ја закопа.

Еве што направив:

1. Не му покажав дека го ценам, дека сум му благодарна

Затоа што, мислев дека не е потребно – дека тој веќе знаеше сѐ. Бевме во врска 6 години, а потоа поминавме 12 години во брак. Не мислев дека треба да му ласкам …

2. Не го прифатив каков што е навистина …

Сакав тој да биде херој од романтичниот филм што ми се случуваше во главата. Јас инсистирав да ме носи на долги прошетки, иако тој не беше таков тип. Го натерав да ме слуша со часови додека му кажувам за секој момент од мојот ден, иако тој очигледно сакаше да чита или само да гледа во телефонот ….

3. Сексот стана рутина …

…мени. Тој работеше напорно, а јас некако дојдов до точка кога само ја исполнував мојата брачна должност.

4. Мислев дека тој мора да биде со мене секогаш и во сè!

Имам проблем – ќе му се јавувам на сопругот. Нешто треба да се поправи, среди, купи – ќе му се јавувам на сопругаот. Беше толку лесно и едноставно, што дури и не забележав дека го повикувам поради глупостите што можам да ги решам самостојно.

5. Престанав да го гледам како маж.

Едноставно, бев со него толку долго што дури и не забележав ако тој ќе се здебели, ќе ослабе и сл. Тоа го натера да се чувствува невидлив покрај мене.

6. Очекував да биде цело време со мене – освен кога беше на работа.

Си помислив: тој е мојот сопруг, со кој друг ќе биде туку со мене. Кога тој одеше на утакмици, јас одев со него. Тој немаше свое време – само нашето.

7. Ги знаев кодовите од неговата е-пошта, Фејсбук, Инстаграм, телефон …

Кога ќе му за sвони телефонот, одговарам. Кога ќе пристигне пораката – одговарам. Едноставно, не гледав ништо лошо во тоа.

8. Кога нешто немаше да оди во бракот – го обвинував него.

Му зборував: “Треба да се потрудиш малку повеќе!” Никогаш не се преиспитував себеси.

9. Имам таква природа што сè претворам во драма.

Знаев дека го мрази тоа, но мислев дека повеќе ме сака. Сепак, тој стигна до точка во која веќе не можеше да толерира. Често велеше: “Ова е како да живееш во театар! Од се правиш драма!”

10. Се лутев “како тоа да не знае што мислам. Па, ние сме заедно толку долго, тој треба да знае сè за мене, секоја промена на расположението …”

Некаде, помислив дека може да ми ги прочита мислите, дека веќе нема потреба да му кажувам сè искрено и отворено.

И тогаш еден ден реши да замине. Отпрвин бев шокирана и сето ова, горе, излезе на виделина. Му направив страшна драма, а потоа посесивно решив дека не може да ме остави.

Бидејќи беше упорен во својата одлука, се разведовме. Дури со години подоцна, сфатив каде грешам. Заклучив дека веројатно несвесно ја убив неговата љубов кон мене, бидејќи престанав да го сакам како маж и сопруг. Не се сетив да ѕирнам малку во душата. Чекав, како и секогаш, да го реши проблемот.

escort - Korsan taksi