Еве кои 7 промени се случуваат во организмот кога јадеме лут сос!

6 јули, 2020
ishrana

Иако консумирањето на лут сос понекогаш е непријатно и болно искуство, многу луѓе сè уште уживаат во него секој ден. Ефектите што лутиот сос ги има врз човечкото тело се движат од многу добри до многу непријатни, а подолу ви ги претставуваме последиците од конзумирањето на овој силен зачин.

Стимулира рецептори на болка на јазикот

Поради капсаицинот, кој е главната состојка, нашата уста мисли дека сосот е жежок, бидејќи е поврзан со сензорни вкусови на јазикот кои му испраќаат пораки на мозокот дека консумираме нешто екстремно жешко.

Го збунува мозокот

Бидејќи овој рецептор на јазикот ја активира и топлината и капсаицинот (но тој самиот не препознава за што станува збор), со консумирање лут сос, мозокот верува дека температурата е многу повисока отколку што е всушност. Имаме чувство дека гориме, и поради некоја причина го сакаме тоа чувство.

Ја зголемува телесната температура

Лутиот сос ја крева телесната температура, што предизвикува потење и црвенеење поради проширување на капиларите, а честопати ни тече и носот.Треба да се знае дека сето ова е реакција на сосема имагинарна топлина.

 Го зголемува протокот на крв во стомакот

Со консумирање лут сос, можеме да чувствуваме грчеви, а понекогаш и нагон да одиме во тоалет.Но, не грижете се – сето ова всушност го забрзува вашиот метаболизам.

Зголемена плунка

Чувството на печење што се јавува во носот и на кожата ја зголемува количината на плунка што се создава во устата, поради што ќе мора почесто да ја голтате.

Меѓутоа, ако сакате да се „изладите“ со лед, тоа не е решението! Капсаицинот не е растворлив во вода, тој преферира масло и масти. Тоа е причината поради која млекото и павлаката ефикасно ја намалуваат топлината.

Ја зголемува циркулацијата на крвта

Лутиот сос делува како стимуланс – го зголемува протокот на крв во желудникот, ја забрзува работата на срцето и му дава енергија на организмот.

Го продолжува животот

Иако чувството на горење обично не трае подолго од 15 минути, некои истражувања покажаа дека голема количина на витамин Ц која се наоѓа во капсаицинот го продолжува животот, барем за оние кои консумираат лут сос 4 пати неделно.