Еве што се случува со врските кои започнуваат со неверство!

15 мај, 2020
неверство

Ако партнерот изневерувал во минатата врска за да биде со вас, големи се шансите да ве изневерува и вас.

Оние кои ја започнале новата врска со неверство на партнерот се помалку посветени, помалку задоволни и помалку вложуваат во љубовните односи од оние кои не ја почнуваат врската со неверство, сметаат експертите.

Исто така, повлечените личности за разлика од оние кои се отворени и друштвени, се многу понаклонети да ја прекинат постоечката врска заради нов партнер и многу често се арогантни, егоистични и себични, друштвено пасивни.

Па, заклучокот е јасен- изреката “Еднаш изневерувач, засекогаш изневерувач” е апсолутно точна.