Еве зошто скоро секогаш нè привлекува ист тип на партнер

5 јуни, 2020
dreamstime-xxl-119352053

Луѓето сè уште тежат кон тоа да имаат здрави потомци, така што бараат и здрави партнери. Но, бидејќи во петок навечер не можете да ѝ направите крвна анализа на личноста којашто ви се допаѓа, нашето тело се потпира на пораките кои ни ги даваат хормоните.

Чуството на љубов не можат да го опишат ниту најголемите научници на денешницата.

За тоа говори доктор Michio Kaku, кој вели дека постои објаснување зошто некои луѓе нè привлекуваат, а некои не.

  • Денес кога се ни е досатпно и скоро сè е можно, поради индустриската револуција и сè почестите меѓународни патувања, дојде до мешање на различни гени кај луѓето. Тоа значи дека човековата еволуција се забавила, но никако не значи дека запрела. Постои причина зошто одредени особини на некои луѓе нè привлекуваат. Според еволуциската психологија, сите тежнееме кон здрав партнер, а убавината е само начин според кој пресудуваме дека некој е здрав. Ако на пример, се наоѓате на некоја забава и сакате да освоитенекоја личност, вие не сте во можност во тој момент да проверите дали е тој/таа здрав/а. Затоа, потребни ви се некои други показатели, како што се хормоните естроген и тестостерон.– вели доктор Michio Kaku.

Според овие показатели, коишто физички се оцртуваат на лицето или телото на личноста, па имаме убави црти или витка става, ние автоматски стануваме привлечни за спротивниот пол и делуваме како личности коишто се здрави.