Фенг шуи: Носи пари и благосостојба во домот – на сите ни е потребна оваа јапонска билка!

2 август, 20200
karsula 2

Позната како дрво на парите, красулата е една од најпознатите собни билки од родот Crassula.

Грижата за ова растение е многу едноставна, бидејќи многу лесно се одржува. Покрај тоа, красулата е долговечна, па долго време ќе можете да уживате во нејзината убавина.

Како што расте, дрвото на парите формира дебело стебло со гранки на кои се појавуваат крупни, сјајни и мазни ливчиња. Билката има боја на зелен жад, а многу од листовите имаат црвеникава нијанса на работ кога се изложени на силен извор на светлина.

Новите стебленца ќе имаат иста боја и текстура како листовите, а со текот на времето ќе станат кафеави и дрвенести. Благодарение на тоа, билката красула може да послужи како одлично бонсаи дрвце, особено ако сте почетник.

Според разни верувања, легенди, па и според фенг шуи, постојат два главни видови „дрва на пари“. Едното е красула (обично познато како јапонско дрво на пари), а другото е пахира (Pachira aquatica), обично познато како растение на парите. И двете многу се користат во фенг шуи филозофијата за уредување на домот.

Фенг шуи енергијата на дрвото на парите произлегува од неговата добра вкоренетост и трепетлива енергија која се гледа во новите изданоци. Местото на коешто ќе се постави билката се бира така што енергијата на нејзиното растење ќе се одразува на вашето банковно салдо, тврдат верувањата.

Красулата се негува многу лесно. Ќе ѝ треба многу сончева светлина и брзо ќе напредува, но нема да ѝ пречат ни малку помрачни агли. Дрвото красула е многу отпорно, но она што морате да му обезбедите е вода во умерени количини. Не поднесува претерано полевање, така што полевајте го само кога ќе видите дека земјата во саксијата речиси се исушила.

За одгледувањето на ова растение нема да ви треба дополнителна дохрана. На јапонското дрво на парите му треба простор со добро проветрување. Ако можете да го обезбедите тоа, не постои толку висока температура во домот што би била фатална за растението. Меѓутоа, мора да внимавате да не биде премногу ладно. Повремените падови на температурата под 10 степени Целзиусови нема да ја убијат, но нема ни да ѝ годат.

Дрвото на парите цути одвреме-навреме. Добрите услови во кои ќе го одгледувате и зрелоста на растението се предуслови за цутење, а за возврат ќе бидете наградени со мали бели цветови, кои се појавуваат помеѓу доцна есен и рана зима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *