Генијален make-up трик на Ким Карадашијан: Само за 30 секунди ќе имате визуелно полни усни!

2 мај, 2020
Capture

Кога станува збор за шминка, Ким е одлична во тоа. Нејзините трикови вреди да се испробаат.

Покрај тоа што го популаризираше „трендот“ за поголеми задници и слабите ги стави во сенка, Ким Кардашијан е популарна и по нејзиниот стил на шминкање. Таа ги знае сите цаки и покрај тоа што има армија на шминкери околу себе, за секојдневната шминка тие не и се потребни.

За неа, шминката е ритуал во кој ужива и вели дека сака најмногу да ги истакнува усните. Ако ги следите нејзините инструкции за само 30 секунди, визуелно ќе ги направите поголеми.

Не ви е потребна пластична хирургија за да полни усни, само малку вештина и 3 козметички производи.

Сè што треба да направите:

Со темно кафено моливче за усни исцртајте ги усните, а кармин во светла нијанса нанесете на средина на усните. Убаво изедначете ги двете нијанси за са нема остри прелази и одозгора ставете безбоен или неутрална боја на сјај за усни.

За дополнителен волумен, можете да ставите малку светкава бела сенка на центарот на долните усни за да го направите ефектот уште подобар.