Главоболка по породувањето: кога треба да ве загрижи?

5 мај, 20200
бебе

Породувањето конечно помина и веројатно помислувате дека најтешкиот период поминал. Најчесто тоа е така и по неколку месеци ќе се почувствувате повторно нормално. Сепак, понекогаш може да се појави главоболка која може да ви пречи во нормалното функционирање.

Главоболка заради епидуралната анестезија

Епидуралната анестезија за време на породувањето може да предизвика главоболка. Анестезиологот со игла ве боцка во грбот и при тоа боцкање може случајно да ја боцне и мембраната, па да дојде до протекување на церебралната течност. Губењето на течноста може да доведе до главоболка по породувањето. За среќа ваквите случаи се многу ретки.

Хормони и главоболка

Ако претходно сте имале чести мигрени, па за време на бременоста комплетно исчезнале, за тоа е виновен естрогенот. Зголеменото ниво на естроген во бременоста ја спречува мигрената. Кога по породувањето естрогенот се враќа во нормала, главоболките повторно можат да се вратат.

Главоболка и доење

Доењето може да ја спречи главоболката. Но кај некои жени се јавуваат лактациски главоболки. Заради лачењето на окситоцин за време на бременоста може да дојде до главоболки. Уште една причина за болка може да биде и преполнетоста на градите со млеко, која обично поминува откако ќе го надоите бебето.

Како да се издржи главоболката?

Кога ќе почувствувате дека почнува болката пробајте да се опуштите. Замолете го партнерот да ви го измасира грбот или рамениците. Постојат и лекови кои се безбени за време на доењето, па разговарајте со вашиот лекар.

Причини за грижа

Прееклампсијата или високиот крвен притисок можат да претставуваат проблем и по породувањето. Доколку имате неподносливи главоболки во првите три дена по породувањето разговарајте со лекар. Главоболките се чест знак за постпородилна прееклампсија, што бара лекови за намалување на крвниот притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *