Големо откритие: Кога некој ќе умре, тој е свесен за тоа и за сѐ што се случува околу него!

20 декември, 2020
man-65049_1920-1600x1000

Луѓето кои умираат, сепак, остануваат свесни за сè што се случува околу нив уште некое време, забележуваат научниците.

Човечкиот мозок сè уште работи откако срцето ќе застане, со други зборови, мозокот знае дека сте мртви. Ова истражување беше спроведено на Факултетот за медицина на Универзитетот Стони Брук во Њу Јорк. Луѓето кои умираат, сепак, остануваат свесни за сè што се случува околу нив уште некое време, забележуваат научниците.

Оние кои преживеале срцев удар и „се вратиле“ по клиничка смрт, често сведочеле дека знаеле што се случува околу нив, и слушнале кога лекарите го објавиле времето на нивната смрт, односно времето кога срцето престанало да работи. Шефот на истражувањето, доктор Сем Парнија од споменатиот универзитет, објасни дека за време на истражувањето се покажало дека луѓето кои „се враќаат во живот“, по тоа искуство, имаат зголемена желба да им помагаат на другите. „Тие ги опишаа своите искуства од гледањето на лекарите и медицинскиот персонал како работат и се обидуваат да ги спасат, тие беа свесни за сè“, изјави Парнија за „ LiveScience “.

Лекарите го прогласуваат времето на смртта кога срцето престанува да работи, но мозокот е сè уште „жив“. Кога на лице со срцева слабост ќе му се даде вештачко дишење и масажа на срцето за да се врати во живот, мозокот тогаш прима 50 проценти од потребниот кислород, објаснува тој, што одржува некои од неговите функции.

Мозочните клетки можат да бидат активни со часови откако срцето ќе престане да работи, пишува Daily Mail. Колку подолго му давате на оној кој умира вештачко дишење и масажа на срцето, толку подолго ќе се одржи оваа делумна активност на мозокот, но на побавно ниво.